Долги колони возила кои со часови чекаат на патарините веќе трет ден создаваат хаос по патишата низ државата. Се претпоставува дека најголем дел од возилата се на гастербајтери од Турција кои наместо преку Бугарија одлучилеа да патуваат низ Македонија.
Има информации дека медиумите во Турција објавиле за големи гужви и хаос на граничните премини со Бугарија како и на автопатот покрај Софија. Но, од Грција дома се враќаа и голем број на Српски државјани.
Како што јави Телма гужвите започнала доцна вечерва во петокот и најчесто се туристи кои се враќаат од Грција, па има српски, турски, чешки, полски, германски но и возила со домашни регистрации. Гневни се бидејќи истата состојба ја затекнале и на граничниот премин Богородица.
– Државното радио не објави дека има гужва. Радио слушавме во Грција и денеска немаше никаква информација дека кај нас во Македонија ќе не пречека ваков хаос. Се измалтретиравме и ние и децата. Едвај чекаме да стасаме во Скопје, рече изјави патничка од Македонија за телевизија Телма.




