Супербурата која го погоди северот на Европа остави за себе повеќе мионска штета и најмалки тројца мртви. Бурата која дуваше со брзина од 225 километри на час со снег и дожд во текот на вчерашниот ден ја погоди Велика Британија, Германија, Холандија и скандинавските земји.
Метеоролозите предупредуваат дека бурата „Ксавер“ би можела да биде најсилната која го погодила континенталниот дел на Европа во последните години.
Британските власти соопштија дека е поставена бариера на реката Темза за да го заштити Лондон од поплави. Повеќе од 100.000 домаќинства ширум Велика Британија останаа без струја.
Од нафтените платформи во Северно Море беа евакуирани луѓето и производството беше прекинато, а возовите не сообраќаа во Шкотска.