Во ненадејниот пресврт на настаните, Северна Кореја во сабота ги одложи повторните обединувања кои требаше да започнат следната недела за семејствата разделени за време на Корејската војна.
Во соопштението во државната новинска агенција КЦНА на Северна Кореја е обвинета Јужна Кореја, каде се вели дека повторните обединувања не може да бидат презакажани се додека “нормална атмосфера” не е обновена за дијалог и преговори.
Северна Кореја тврди дека направила искрени напори да преговара со нејзиниот јужен сосед, но ги обвини конзервативците на Југот за “несовесни конфронтации.”
Таа, исто така алудира на неодамнешниот јужнокорејски скандал на левичарски политичар кој е обвинет за заговор за соборување на власта во Сеул во случај на војна со Северот, повикувајќи се на неодамнешниот случај на “лов на вештерки .”
Изјавата на Северна Кореја, исто така накратко се однесува на Јужна Кореја како “марионетски режим.”
Семејните собири требаше да се одржат од среда до 30 септември во Северна Кореја.
Северна, исто така, најави дека ќе ги одложи разговорите за повторно отворање тури на планината Кумганг за Јужна Кореја. Ова беше местото каде што еден јужнокорејски турист беше убиен од севернокорејски војник во 2008 година за наводно одење во област надвор од границите.