Северна Кореја тестираше две стратешки крстосувачки ракети од подморница, во демонстрација на сила неколку часа пред САД и Јужна Кореја да одржат големи заеднички воени вежби, соопштија рано утринава државните медиуми, извести АФП.
Подморницата пукала со оружје од водите во близина на источниот крајбрежен град Синпо во неделата наутро, објави новинската агенција КЦНА. Јужнокорејската војска соопшти дека открила лансирање на неодредена ракета, објави новинската агенција Јонхап.