Северна Кореја емитуваше снимки на некогаш моќниот тетин на лидерот Ким Јонг-ун кого го отстрануваат од состанок, потврдувајќи ги извештаите за неговото разрешување.
Драматичните слики покажуваат како Чанг Сонг- таек е истеран од партиска сесија, од страна на униформирани стражари.
Државната новинска агенција КЦНА го обвини г-дин Чанг за формирање фракции против државата, корупција и “расипани” акти како што се швалерисување и злоупотреба на дрога.
Аналитичарите велат дека такво јавно разрешување е уникатно и може да сигнализира поголема чистка.
Ова е најголемиот пресврт во раководството на Северна Кореја откако Ким го наследи својот татко од пред две години. Гледан како економски реформатор, тој ги води разговорите со единствениот голем сојузник на Пјонгјанг, Кина.
Kaко е тргнат тетинот од сликите- пред и потоа:
Сликите на агенцијата КЦНА се фокусирани исклучиво на Ким Јонг-ун