Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија и Албанија ќе го одбележуваат Европскиот ден за територијална соработка

0
By НОВА ТВ on October 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 21, 2021 09:32

„Минато, традиција, иднина – Начин на кој комуницираме“ е слоганот на претстојниот прекуграничен настан, седма по ред прослава на Европскиот ден за територијална соработка што денеска ќе се одржи во Корча, во организација на Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, во соработка со Министерството за локална самоуправа на Северна Македонија. Главната цел на овој настан се придобивките од имплементација на ИПА програмата за прекугранична соработкапомеѓу двете земји финансирана од Европската Унија.

Европскиот ден за територијална соработка, кој се одбележува секоја година низ Европа и надвор од нејзините граници, е можност за локалните заедници и креаторите на политиките да бидат сведоци на важноста на територијалната соработка. Ваквите настани покажуваат како проектите за прекугранична соработка ги намалуваат пречките и диспаритетите, а во исто време го зголемуваат културното разбирање и ефикасност помеѓу европските региони. Сите овие иницијативи финансирани од Европската унија помогнаа да се подобри животот на луѓето долж многуте граници во Европа и пошироко.

Овој настан се планира да обедини над 150 учесници од различни профили како што се професионалци од областа на туризмот, претставници од здруженијата, локалната самоуправа, бизнис секторот, занаетчии од двете земји, фолклорни друштва, млади уметници и модни дизајнери од Технолошко-металуршкиот Факултет во Скопје и Универзитет за Уметност при Факултетот за визуелна уметност.

Како што јави известувачот на МИА, главниот фокус на овој настан е идентификување на можностите за развој на туризмот, унапредување на соработката во прекуграничната област помеѓу Северна Македонија и Албанија, како и промовирање на резултатите од проектите што се дел од прекуграничната програма на ЕУ.

Во рамките на настанот, заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитрoвски, Сокољ Дедја, генерален директор за Европа во Албанија, амбасадорите од делегациите на ЕУ, Лујџи Сорека и Дејвид Гир и градоначалникот на Општина Корча Сотираг Фило ќе ги поздрават гостите на настанот, потоа со уметничка програма посетителите ќе уживаат во традиционални фолклорни групи со млади, како и саем со занаетчии од двете земји.

Собирот има за цел да ја илустрира синергијата на досегашната регионална соработка, на петте проекти, дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.