Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија и Србија заедно во евроинтеграциите, ред е Унијата да даде временска рамка и да го заврши обединувањето на стариот континент

0
By Ана Василевска on April 7, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Меморандум за евроинтерграции РСМ - Србија
Меморандум за евроинтерграции РСМ - Србија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за евроинтеграции на Србија, Тања Мишчевиќ денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на европската интеграција. Двајцата министри ги оценија односите меѓу двете држави како одлични и потенцираа дека ова е уште една потврда дека се дава посебно значење на соработката и натамошниот развој на севкупните билатерални односи во исполнувањето на нашите стратешки цели – евроинтеграцијата.

На прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот вицепремиерот Маричиќ истакна и дека двете Влади имаат иста задача и мисија.

„Да ги приближиме нашите граѓани повеќе до вредностите на ЕУ во наредните години, но и придобивките што ќе ги имаат од тој процесот на пристапување да ги направиме уште повидливи. Со Србија не сме само соседи и географски блиски земји. Со Србија имаме заедничко минато, блиски традиционални врски меѓу двата народа и што е најважно имаме заедничка иднина и ист интерес: Да ги развиваме двете држави по европски терк и да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани“, рече Маричиќ.

Двете земји, како што истакна вицепремиерот, направивме многу и напредокот на двете земји е очигледен.

„Денес имаме политички моментум и поддршка од Брисел да дадеме нова динамика на преговорите со ЕУ. Руската агресија врз Украина ја направи јасна потребата од обединување и обезбедување на стабилност на Западен Балкан, што отвори нови можности за регионот да направи чекор напред во евроинтеграциите, а истовремено даде шанса за Украина, Молдавија….“, рече Маричиќ.

Според него, европската перспектива на нашите земји како никогаш досега е достижна, а она што се очекува од ЕУ е извесност и јасен план за проширувањето на Унијата, што ќе значи поттик за забрзување со процесите на трансформација на општествата.

„Покажавме дека сме кредибилен партнер на ЕУ и сме подготвени да одговориме на задачите, ред е Унијата да даде временска рамка и да го заврши обединувањето на стариот континент. Мислам дека ова е идеален момент за забрзување на пристапниот процес, имајќи предвид дека годинава се одбележуваат 20 години од Самитот во Солун, кога на земјите од Западен Балкан им беше ветена европска перспектива, земајќи го предвид и новиот геополитички контекст, истакна Маричиќ.

Со денешното потпишување на Меморандумот за соработка, вицепремиерот кажа дека, двете министерствата придонесуваат кон поуспешна подготовка и олеснување на процесот на пристапување во ЕУ.

„Искуствата и размената на знаење, информации, практики меѓу преговарачите, Групата на преговарачи, експертите вклучени во пристапните преговори, како и меѓу ресорните министерства и агенции во спроведувањето на политиките на ЕУ во сите Кластери, ќе ни биде важен придонес во ефикасното водење на процесот“, рече Маричиќ.

Осврнувајќи се на иницијативата „Отворен Балкан“, вицепремиерот рече дека практично ни покажа како е да се функционира во ЕУ, како е да зборуваме за инфраструктурни проекти, за трговска размена, мобилност на нашите граѓани, за јакнење на економијата и создавање стабилна и поволна средина за инвестиции.

Српската министерка Мишчевиќ истакна дека одлична е хемијата и духот помеѓу двете институции, нарекувајќи ги двете држави „братски“, кои се занимаваат со стратешки работи.

– Соработуваме многу долго и успешно. Понекогаш ние учиме од Македонија, понекогаш тие учат од нас, рече Мишчевиќ.

По завршувањето на прес-конференцијата двете делегации ќе одржат работилница во Владата посветена на евроинтеграциите.

Бојан Маричиќ Меморандум за евроинтерграции РСМ - Србија Тања Мишчевиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.