Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија прифатена во НАТО сајбер центарот за одбрана и во процесот на полноправно членство

0
By Ана Василевска on November 10, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на официјалната посета на Естонија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи го посети НАТО Центарот за кооперативна сајбер одбрана (NATO Cooperative Cyber Defence Centre of Excellence – NATO CCDCOE) со седиште во Талин, Естонија.

На средбата со директорот на Центарот, Март Норма Османи потенцираше дека сајбер безбедноста е високо на агендата на Владата на Република Северна Македонија, која презема низа активности за јакнење на национални капацитети за справување со овој тип предизвици, базирани на националните Стратегии за сајбер безбедност и хибридни закани.

Османи информираше дека Владата континуирано соработува со сите засегнати страни – приватната индустрија, истражувачката и академската заедница и граѓанското општество на подобрување на превенцијата, одговорот и закрепнувањето од нападите на критичната инфраструктура, кои со почетокот на војната во Украина станаа позачестени и поинтензивни.

На денешната средба, Северна Македонија како членка на НАТО и дел од регионот на Западен Балкан кој е изложен на сајбер закани беше прифатена во НАТО центарот за извонредност за сајбер одбрана и е во процес на полноправно членство.

Во рамките на процесот, Северна Македонија ќе може да ги користи алатките на Центарот за да ја засилува сопствената отпорност од хибридни напади и да ја зајакне заштитата на критичката инфраструктура

НАТО Центарот за кооперативна сајбер одбрана е основан во 2008 година, и има статус на Меѓународна воена организација. Неговата мисија е поддршка на земјите-членки и НАТО со единствена интердисциплинарна експертиза во областа на истражувањата, обуки и вежби за сајбер-одбрана.

Естонија ЕУ и НАТО сајбер напади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.