Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Градинките подготвени за прием на деца, слободни уште 4.500 места

0
By Нова ТВ on September 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска денеска изјави дека установите за згрижување и воспитување се подготвени на 9 септември да ги примат децата согласно здравствените протоколи. Сите установи во земјава согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца.

– Анализата на податоци од градинките покажа дека тие се подготвени наредната среда на 9 септември да почнат со работа и да ги примат и згрижат децата согласно утврдените протоколи. Приоритет за посетување градинка ќе имаат децата на самохрани родители или на двајца родители кои се вработени и ќе донесат потврда од работодавачот дека работата не може да ја извршуваат од дома.

Согласно протоколите за работа градинките имаат капацитет да згрижат 19 илјади деца, но интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца, истакна на денешната прес-конференција министерката Шахпаска.

Таа појасни дека доколку градинките имаат повеќе слободни места односно согласно критериумите од протоколот можат да згрижат повеќе деца од приоритетните, тогаш можат да прифатат други деца кои се запишани во градинката. Согласно протоколите, групите до 2 години треба да имаат максимум шест деца за кои ќе се грижат двајца вработени, а групите од три до 10 години најмногу 15 деца за кои ќе се грижат двајца вработени.

Шахпаска информира и дека Владата им препорачала на општините да обезбедат или адаптираат дополнителен соосдветен простор ако за тоа има потреба, како и соодветен кадар за временскиот период за време на траењето на пандемијата ако градинката има потреба, со цел, како што рече, да се обезбеди непречено функционирање.

Според министерката Шахпаска доколку во една градинка е исполнет капацитетот детето може да биде згрижено во друга градинка каде има слободно место, но само во рамки на иста општина.

Министерката за труд и социјална политика  потсети дека останува на сила мерката вработените да бидат ослободени од работа доколку имаат деца до 10 годишна возраст. Таа додаде дека нема да се прави нов скрининг  вработените во градинките.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

ВЕСТИ October 9, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до…

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.