Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска на Министерски состанок на ЕУ: Први во регионот ја развивме Младинската гаранција

0
By НОВА ТВ on July 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања, на кој присуствуваа и министрите од земјите членки на Европската унија и од земјите од Западен Балкан, кој се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија. На состанокот, на кој се дискутирало за младинските политики и за обезбедување на одржлива интеграција на младите лица на пазарот на трудот, присуствувал и еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит, кој најавил силна поддршка за имплементирање на Младинската гаранција во сите земји од Западен Балкан.

Министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности на Република Словенија Јанез Циглер Краљ, во своето обраќање оцени дека младите се погодени од кризата и затоа е од исклучително значење да се обезбеди поддршка и за младите од земјите членки на ЕУ, но и за младите во земјите на Западен Балкан.

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика на состанокот било нагласено дека Република Северна Македонија, како прва и единствена земја од регионот на Западен Балкан, во 2018 година преземала „пионерски“ чекори во оваа насока, пилотирајќи ја Младинската гаранција, целосно заснована на моделот на ЕУ, по што од наредната 2019 година таа иницијатива се имплементирала низ територијата на целата држава.

-Во досегашната имплементација, на програмата Младинска гаранција во Република Северна Македонија, учество земаа околу 60.000 млади лица. Би сакала да истакнам дека од 2019 година, статистичките податоци поврзани со пазарот на трудот, покажуваат значајни и крупни подобрувања во однос на младите лица. Стапката на вработеност на младите се зголеми за 3,5 процентин поени во споредба со 2018 година. Стапката на младинска невработеност се намали од 37 на 30,5 проценти, а стапката на NEETs (млади кои не се вработени, ниту се во вклучени во образование или обука) исто така бележи значително намалување за 5,3 процентни поени, од 29 на 24,5 проценти, рече министерката Шахпаска.

Таа потенцирала дека предизвиците поврзани со младите лица, нивното вработување, активација, учеството и одржливата интеграција на пазарот на трудот, се заеднички за сите земји од регионот, но и за Унијата и предизвици кои според неа станаа уште поизразени во изминатиот период кога светот беше погодени од здравствената и економска криза предизвикана од пандемијата.

-Младите лица се една од категориите кои беа навистина силно погодени од кризата, посочила министерката Шахпаска.

На состанокот министрите од шесте земји од Западен Балкан прифатиле Декларација за обезбедување на одржлива интеграција на младите лица на пазарот на труд, со која недвосмислено се истакнала потребата да се продолжи со дизајнирање и имплементација на реформи и ефикасни политики за младинско вработување, преку пристап кој ќе се заснова на широко партнерство помеѓу сите институции и останати засегнати страни.

-Со Декларацијата министрите прифатија сите земји од регионот да отпочнат со подготовки и имплементација на Гаранцијата за млади, по примерот и моделот развиен во Европската унија и да ја стават оваа иницијатива високо на своите политички агенди, обезбедувајќи ги потребните човечки и финансиски ресурси за таа цел, се наведува во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Министерскиот состанок е во рамките на словенечкото претседателство со Советот на Европската унија, кое започна на почетокот на овој месец.

ЕУ Министерски состанок младинска гаранција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.