Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Згрижувачко, еднородителско семејство e исклучителен пример за хуманост

0
By НОВА ТВ on October 27, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска во Општина Радовиш го посети згрижувачкото, еднородителско семејство на Наталија Гура. Таа згрижува две малолетни дечиња, братче и сестричка, кои се на пет и шест годишна возраст.

За тоа колку е успешна приказната за згрижување на деца без родители или без родителска грижа, министерката Шахпаска рече дека се уверила на лице место, бидејќи децата ја добиваат целокупната грижа за нивното здравје, љубов, внимание, воспитување, подготовка за влез во образовниот систем.

– Згрижувачкото, еднородителско семејство кое денес го посетив во Општина Радовиш навистина има импресивни услови за грижа на децата. Љубовта која ја добиваат децата се чита од нивните весели и насмеани лица. Тие се неверојатно прилагодени кон нивната згрижувачка, а условите кои таа им ги обезбедува говорат за нејзината посветеност децата да имаат правилен раст и развој. Ги поттикнуваме и останатите граѓани во нашата земја да се пријават во системот на згрижувачи, со една единствена цел, на што поголем број деца без родители или родителска грижа, да им се обезбеди дом и семејство во облик најблизок до биолошките семејства“, рече министерката Шахпаска.

Со цел зголемување на бројот на згрижувачи во Скопје и во Битола отворени се Центри за поддршка на згрижувачки семејства.  Во Скопје, Центарот функционира при Јавната установа за деца „11 Октомври“ и опфаќа 181 згрижувачко семејство со околу 326 корисници. Вториот Центар, во Битола, е дел од Јавната установа „Дом за доенчиња и мали деца“ каде што стручна поддршка добиваат 113 згрижувачки семејства кои се грижат за 169 корисници.

Центрите за поддршка на згрижувачките семејства се воспоставени со новиот Закон за социјална заштита, и нивна задача е подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки семејства.

Во земјава има околу 300 згрижувачки семејства кои се грижат за 500 деца.

згрижувачки семејства МТСП шахпаска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.