Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шајноски:Никаде во нормалниот свет луѓето не сакаат да работат во администрација

0
By Нова ТВ on May 28, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фрапантни бројки во трошење на државните пари, непродуктивни инвестиции и лоша структура на долгот. Ова се само дел од забелешките на економските експерти кои вчера се обратија до граѓаните во антивладиниот камп поставен пред Владата на Република Македонија.

Според универзитетскиот професор Крсте Шајноски, државата парите ги распределува на непродуктивни трошења, а дополнителен проблем на буџет се слободните економски зони кои претставуваат лоша распределба на богатството кое се создава во земјава.

-Во 2006 сме имале буџет од 1,7 милијарди евра. Во таа година сме оствариле економски раст од 5,2 проценти. Во 2014 имаме буџет од 3 милијарди евра, а остваруваме раст од 3 и нешто проценти. Каде се парите? Парите се отидени на непродуктивни трошења, односно расходи, од кои интерес имаат единствено оние кои ги склучуваат договорите, како што впрочем можевме да видиме и од снимките.

Во моментов македонската економија регистрира силни загуби како резултат на инвестициите кои ги направи во тие економски зони, како резултат на ослободувањата кои им ги даде на компаниите во тие економски зони.

Не се полни буџетот, затоа што тие компании се ослободени од плаќање на данок. Кога ќе истече периодот кој им е дозволен за ослободување од данок, ќе ја пререгистрираат фирмата во нова фирма и потоа продолжуваат повторно да работат со сите бенефиции кои им ги дава оваа држава. Се работи за лоша прераспределба на богатството кое се создава во земјата. Имаме исклучителна, во исто време и нетранспаретност.

Видете што се случува со тендерите, со јавните набавки. Во добар дел од разговорите кои ни ги презентира опозицијата можеме да слушнеме како тоа се обезбедуваат тендери, во која линија, кој се провизиите кој се земаат. Сето тоа се плаќа од буџетот. Многу често може да слушнете Владата дала средства. Владата не дала, народот дава. Тие пари се пари на народот, се работи за класично спинување на информации, посочи Шајноски.

Според Шајновски лошата структура на долгот која води до постојано враќање на стари долгови е исклучително ризична за Македонија. Тој порача дека идната Влада би требало да создаде клима за работа во приватен бизнис, а не во админстрација.

-Сакам да упатам апел до, се надевам новата Влада која во скоро време ќе ја видиме. Немојте да наседнувате на популизмот и на системот на менаџирање на власта кои како совршенство го изработи оваа Влада. Ова важи и за нас граѓаните. Многу е убаво да слушнете дека ќе имате субвенции, дека ќе се возите со автобус без пари, ќе идеме во бања без пари, сето тоа е лоша прераспределба. Тоа се моментално слатки работи кои понатаму генерираат големи последици.

Новата Влада треба да воспостави нов развоен систем во кој ќе ги постави на здрави темели пазарните односи и односот на државата кон пазарните односи. Значи не треба да се радуваме ние државата да ни даде, треба да се радуваме државата да создаде клима ние сами да си обезбедиме. Мислам дека сосема погрешна тезата да бараме и во иднина да биде квалитет да се вработиме во администрацијата. Никаде во нормалниот свет луѓето не сакаат да работат во администрација, нема ништо подобро од тоа да работите во приватен бизнис, доколку бизнис климата е каква што треба.

Мислам дека доколку следните кои ќе дојдат ќе воспостават систем во кој бизнисот ќе го запоседне вистинското место, ќе им се создаде услови фирмите да функционираат по вистински пазарни принципи, мислам дека на тој начин и новите министри ќе имаат многу лесна работа и во начинот на менаџирање на економските политики, а населението ќе биде многу позадоволно, отколку што е сега, вели Шајноски.

Денеска е дванаесетти ден како граѓаните поставија шатори пред Владата и бараат оставки и одговорност за прислушуваните разговори кои ги обелодени лидерот на СДСМ Зоран Заев, а кои укажуваат за наводен криминал и корупција договорен директно од челниците на власта.

Секоја вечер во антивладиниот камп се организираат дискусии и обраќања чиј фокус е одреден сектор во земјава, со анализа и дебата за тековната состојба, но и сугестии како нештата да се подобрат во иднина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.