Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шаленберг: Не чекајте на пристапувањето кон ЕУ, многу нешта може да ги правите заедно

0
By НОВА ТВ Balaban on July 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјите од Западен Балкан да не чекаат на пристапувањето кон Европската унија, имаат многу нешта кои може да ги прават заедно, порача денеска министерот за европски и меѓународни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на панел дискусијата „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан”, што се одржува во Охрид во рамките на „Преспа форумот за дијалог”.

Тој забележа дека Европската унија никогаш не била надвор од овој регион, посочувајќи дека би било добро и Америка да се додаде во Берлинскиот процес.

– Немојте да чекате на пристапувањето. Премногу сме фокусирани на тоа. Овој регион има многу што друго да понуди. Имаме многу блиски меѓучовечки и емотивни врски со регионот и она што го правите на регионален план дури и без нас, како Мини шенгенот и иницијативата што почна со Б6 е одлична и е брилијантна идеја, рече Шаленберг.

На лидерите им порача сами да си ги вршат работите, да не чекаат тоа да го прави некој друг за нив.

– Создадовте човечка врска меѓу носителите на одлуки во регинот и не ви треба некој да седи на вашата маса. Врзете си ги чевлите самите, направете го тоа што ви треба сами, не ви треба некој од страна да го нправи тоа. Бидете покреативни, по иновативни и можеме да го вклучиме Западниот Балкан во ЕУ, не мора да чекаме на пристапувањето, порача австрискиот министер.

Полскиот министер за надворешни работи, Збигњев Рау, пристапувањето кон EУ метафорично го поврза со каприциозна невеста која не се појавува на сопствената свадба, посочувајќи дека Полска и Македонија имале ист избор, односно дека немале избор.

– Веруваме дека силна трансатланска соработка и врските со земји кои ги споделуваат нашите основни вредности се важни повеќе од кога било. Веруваме дека силна трансатланска соработка е суштински важна за двете страни, рече Рау.

Полска, нагласи тој, се надева дека конeчно ќе почнат преговорите со Северна Македонија и Албанија и дека наскоро ќе се отвори уште еден кластер со Србија.

„Преспа форум за дијалог”. Александер Шаленберг Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.