Светскиот рекет број три и поранешен Гренд слем-победник, Марија Шарапова, се раздели од тренерот Џими Конорс по само еден натпревар заедно, јавува Би-Би-Си Спорт.
Шарапова објави во јули дека Конорс ќе го замени тренерот Томас Хогштед.
Но, Русинката загуби од Американката Слоан Стивенс во натпреварот во Синсинати во вторникот.
“Ова не е вистинска насока во мојата кариера”, рече Шарапова во соопштението.

Конорс, 60, гледаше од трибините како Шарапова, во својот прв натпревар по седум недели пауза заради повреда направи 62 непринудени грешки во нејзиниот пораз од Стивенс.
Таа напиша на Твитер по натпреварот: “Секој добар круг почнува со баук- ова не е почеток кој го сакавме, па се враќаме на работа утре.” Шарапова работеше со Конор во 2008 година, непосредно пред Австралискиот опен.
Таа освои три Гренд слем турнири во периодот меѓу 2004 и 2008 година, додавајќи го и француското Отворено првенство во 2012 година кон нејзината листа на главни наслови.

Конорс претходно беше тренер на Енди Родик, кому му помогна да стигне до финалето на УС Опен во 2006 година, полу-финалето на Австралија опен во 2007 година и во четврт-финалето на два Вимблдона и УС Опен таа година, пред тие да се разделат во март 2008 .
Конорс освои пет УС Опен наслови, Вимблдон двапати и на Австралија Опен еднаш- од јули 1974 до август 1977 година.
Разделувањето со Конорс ја остава Шарапова без тренер во трката за наслов во УС Опен, кој започнува на 26 август.


