Published: Thursday, June 9, 2016 15:54
Демонстрантите на Шарената револуција денеска ќе протестираат во Струмица, Куманово, Гостивар, Ресен, Свети Николе и Битола.
Протестите во Струмица, Куманово, Гостивар, Ресен и Свети Николе ќе започнат во 19 часот, додека во Битола во 18:30.
Како приоритетни барања тие ги издвојуваат произнесување на Уставниот суд за тоа дали Законот за Специјално обвинителство е согласно Уставот, како и запирање на прогонот кон демонстрантите.
Во повикот стои дека граѓаните апелираат до власта итните барања да ги сфати сериозно.
За утре најавен е протест во 18 часот пред седиштето на Специјалното обвинителство.




