Последната дестинација на Шарената револуција беше Владата, каде што штотуку заврши протестот. Демонстрантите на булеварот напишаа „Владо мори душманке“. Преходно, неколку балони со боја завршија во зградата на Собранието, кое беше првата станица на протестниот марш.
Демонстрантите на улицата пред Собранието испишаа „Ма какво распуштање, нема опуштање“ и порачаа „Собрание, собери се“. Истовремено на озвучување беа пуштани снимките од прислушуваните разговори.
На говорница застанаа студентот Борјан Ѓузелов, професорот Гордан калајџиев и Едмонд Адеми. Следна дестинација беше МНР, од каде со запалени бакљи тргнаа кон Владата, поминаа преку подвозникот и не ги заобиколија ниту лавовите на мостот „Гоце Делчев“ од кои едниот повторно беше обиен со боите на Шарената револуција. Протестот продолжува во понеделник.