Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шарената револуција по вчерашниот договор: Борбата продолжува

3
By Нова ТВ on July 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 21, 2016 14:18

Четирите најголеми политички партии вчера се договорија за начинот на кој тие сметаат дека ќе бидат создадени услови за вистински фер, слободни и демократски избори. Граѓанското општество не беше вклучено во овие преговори, ниту како набљудувач, ниту како консултант. Ова повторно го наметнува сомнежот дека партиите од власта ќе ги искористат сите средства кои им се на располагање за да спречат спроведување на договореното. Ваквите ризици одново предизивикуваат губење на довербата во целиот процес, се вели во пораката од Шарената револуција објавена на нивниот Фејсбук профил.

– Поради тоа, не смееме да се откажеме од сржта на барањата на сите ние кои со месеци протестиравме по улиците – правда за граѓаните, казна за криминалците, демократизацијата на нашето општество, ослободување на институциите и надминување на оваа криза. Ова мора да биде процес во кој ќе бидат вклучени сите општествени чинители. Борбата продолжува! Мораме будно да го следиме спроведувањето на договореното и да бидеме свесни дека демократијата и владеењето на правото во Македонија нема да се случат кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори. Оваа држава има системски проблеми кои се негувани и развивани со децении и нивното надминување не е и не смее да биде брз, површен и неиклузивен процес.

Во Владата и низ институциите се уште имаме криминалци и луѓе под истраги за тешки кривични дела и изборни манипулации. Тој проблем нема сам по себе да се реши со изборите. За да има правда СЈО треба да може непречено да си ја врши својата работа. Со вчерашниот договор, иако уставноста на СЈО е се уште под ризик од Уставниот суд, сепак неговата заштита се гарантира со обврската Собранието во рок од пет дена повторно да го воспостави во целосен капацитет. Но, СЈО се уште се соочува со пречки во своето работење од речиси сите институции и тела со кои треба да соработува. Поради тоа, специјалното одделение во Кривичниот Суд, кое ќе постапува по предметите на СЈО, мора да биде формирано без никакво одлагање.

На 31 август, истите четири партии треба да се согласат дали се исполнети условите за одржување на изборите. Граѓаните и граѓанското општество мора да продолжат да инсистираат на вклученост, зашто целосен излез од кризата нема да биде можен ако се заобиколат граѓаните кои во се поголем број се организираат во иницијативи, здруженија, организации, движења и неформални групи. Сите партии мора да разберат дека политиката е пред се за и на граѓаните, а после тоа на партиите.

Од нас зависи. Мора да продолжиме да вршиме притисок врз злосторничкото здружение, врз власта, врз институциите и врз домашната и меѓународната јавност. Конечно, сите да се заложиме и да не да дозволиме корумпираниот и автократски режим, олицетворен во Груевски и Ахмети, да продолжи да го блокира секој обид за ненасилно надминување на кризата. Ќе бидеме будни, на штрек, ќе се вмрежуваме и уште поцврсто ќе застанеме позади потребата од итно демократизирање на Македонија!, велат од Шарената револуција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.