Published: Sunday, July 10, 2016 09:14
“Шарена револуција” за утре повика на протест. Почетокот вообичаено како и за сите протести досега е во 19 часот пред СЈО.
Овој пат мото на протестот е „Нема да им дозволиме!“, а се однесува на зголемувањето на јавниот долг.
– Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално.
Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови!, се вели во повикот од Шарената револуција.




