Американскиот државен секретар Џон Кери во саботата беше искаран од неговиот кинески колега поради доцнењето на билатералните разговори во Бирманија каде се одржува регионален состанок.
Разговорот помеѓу Кери и шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји беше закажан за 15.30 часот и беше подоцна презакажан за еден час подоцна. Но, наместо во 16.30 Кери пристигна во салата со половина час доцнење а таму веќе чекаа Ванг Ју и претставници на печатот.
Двајцата политичари се поздравуваат пред камерите. Од снимката се слушаат зборовите на Кинезот кој вели: «Доцните». Кери одговара дека му е жал. «Но ние ве чекаме од 16.30, повеќе од половина час», инсистира Кинезот. На што Кери одговара дека му е навистина жал и со насмевка вели: «Се извинувам, навистина, зошто не почнете вие да зборувате а потоа јас? Навистина, навистина ми е жал», вели Кери.