Министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ ќе се сретнат денеска во Вилнус, главниот град на Литванија, каде ќе се обидат да заземат заеднички став за ситуацијата во Сирија, јавува МИА.
Повеќето европски земји се против воена интервенција во Сирија, за која се залагаат Вашингтон и Париз.
Пред три дена во Брисел беше соопштено дека американскиот државен секретар Џон Кери ќе им се придружи на шефовите на дипломатиите на дводневниот состанок во Вилнус, а неговото пристигнување се очекува утре.