Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Американската демократија преживеа, како што преживеа и македонската пред помалку од четири години

0
By Нова ТВ on January 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не ми се веруваше додека ги гледав снимките на насилство и хаос од Вашингтон. Како што на 27 април 2017 не ми се веруваше дека тоа е возможно да ни се случи и во нашиот највисок законодавен дом, пишува на фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во врска со вчерашните насилства во Конгресот на САД.

-Се покажа дека демократијата може да биде сериозно загрозена кога политичката моќ е во рацете на луѓе за кои функцијата е поважна од државата. И кои стимулираат поделби, омраза и насилство само за да ја задржат.

Кога тоа се случи кај нас, тоа беше шок. Кога се случува во една стара демократија после стотина мирни транзиции на власт, тоа е предупредување: дека непријателите на демократијата не смееме да ги потцениме и дека тие се хранат од поделби, лаги и полувистини, манипулации и огромни дози на стимулирана омраза. Ова е лекција за цел свет.

Но, ако сме искрени ќе си ги признаеме и разликите со 27 април кои не се во наша полза.

Полицијата не успеа да го спречи упадот, но не дозволи ниту еден член на Конгресот да биде нападнат ниту повреден. Немаше скршени глави и пролиена крв на претставниците на граѓаните и затоа граѓанската волја се исполни со успешен трансфер на власта.

Огромно мнозинство на Републиканската партија гласно и јасно се спротивстави на насилството и упадот. Немаше “ама”, немаше смешни оправдувања, немаше гушкање со “спонтано собраниот народ”… Поранешниот претседател Буш, Републиканец, беше меѓу првите кој повика на разум, потврда на изборот на Бајден и го осуди насилството. Неговиот потпретседател, Чејни, една од најмоќните републикански фигури, ги мобилизираше сите досегашни министри за одбрана да потпишат писмо со кое повикуваат на разум и се спротивставуваат на можна злоупотреба на армиските сили. Дури и ќерката на Трамп, одлучи да го избрише својот твит, по обидот да ги прогласи насилниците за “патриоти”.

Актуелниот потпретседател Пенс, и покрај големите притисоци и повици од Трамп, остана цврст и по неколку часа го обезбеди трансферот на власт. Не избега, не одоговлекуваше, не бараше смешни “гаранции”. Ја почитуваше волјата на граѓаните. И не само тоа. И покрај партиската и лична лојалност кон Трамп, на крајот јасно порача: “Вие кои донесовте безредие и насилство во нашиот Капитол, вие не победивте. Насилството никогаш не победува. Слободата победува. Ова сеуште е дом на граѓаните. И како што повторно се собравме овде, светот ќе биде уште еднаш сведок на отпорноста и силата на нашата демократија.”

И, уште нешто. Ако ги следите американските медиуми ќе видите дека најголемиот дел новинари и аналитичари воопшто не се колеба да го користи вистинскиот збор “терористи” за оние кои со насилство сакаа да предизвикаат политички пресврт, спротивно на волјата на граѓаните.

Американската демократија преживеа. Како што преживеа и македонската пред помалку од 4 години. Треба да бидеме горди што преживеавме и се опоравивме од траумата.

Но, некои луѓе треба сеуште да се срамат што дури ни насилството не ги освести и што дури и денес немаат сила ниту доблест да го осудат и да се оградат. Немаше меѓу нив ниту еден Пенс, ниту Буш.Америка само не потсети на тоа!, напиша Шекеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.