Со воведувањето на вонредната состојба, владата донесе уредба со законска сила според која армиските припадици директно се вклучуваат како поддршка на различните државни органи посебно полицијата.

Согласно уредбата, како што соопшти денеска министерката за одбрана, главниот фокус е ставен на три задачи:

-Целосно преземање на контрола на граничната линија од страна на припадниците на Армијата, односно тн. зелена граница за да се спречат нелегални влезови и излези и ќе и се овозможи на полицијата да ги повлече своите припадници и да се сконцентира на задачите дома;

-Заедничко учество во мобилни екипи полиција – Армија кои ќе можат да ги проверуваат влезовите и излезиите ообено во кризните регони и конторолните точки. Исто така ќе има заеднички тимови кои ќе можат да спроведуваат контрола на почитувањето на полицискиот час и самоизлоацијата, и доколку не се почитуваат да изрекуваат веднаш мерки и овие лица да се упатуваат во државна изолација;

-Припадници на Армијата го преземаат обезбедувањето на виталните објекти кои досега ги обезбедуваше полицијата, како Собранието, Владата, важни локации како што се затворите, но тоа не значи дека Армијата ќе биде затворска полиција, туку сега ќе го прави она што го правела полицијата.

Шекеринска потенцира дека во сите овие случаи ќе  делуваат комбинирани тимови полиција-Армија, бидејќи како што рече полицијата е обучувана за справување со цивилните закани, а АРмијата ќе придонесе само со бројноста.

Исто така, Шекеринска најави дека ќе биде ставена во функција полската болница Рол 2 која ќе биде лоцирана на влезот на Инфективната клиника, како поддршка на вооружените сили и јавното здравје.

Таа ги повика сите припадници на Армијата да покажат максимална лојалност кон државата.

„Битката нема да биде лесна. Одлуката да се ангажира Армијата не беше лесна, но е оправдана. Цел свет се соочува со епидемија и опасност која никој не можел да ја замисли и бара сите да сме одговорни и ангажирани. Затоа Армијата стави се’ што има и може да им помогне на државните органи и на народот“, рече Шекеринска.

https://www.youtube.com/watch?v=wvKK3A8AZNM&feature=emb_title