Published: Wednesday, January 22, 2014 11:09
Радмила Шекеринска, заменик претседателката на СДСМ е избрана за член на Претседателството на Партијата на европски социјалисти, соопшти Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Партијата на европски социјалисти ги обединува социјалистичките, социјалдемократските и лабуристичките партии од земјите од Европа, како и германските и шведските социјалдемократи, француските и австриските социјалисти, како и Групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент.
ПЕС е силен поддржувач на политиките на проширувањето на Европската унија и пристапувањето на земјите од Западниот Балкан, објаснуваат од СДСМ.




