Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Епидемијата, поплавите и пожарите не потсетија колку е важно регионалното заедништво

0
By Ivana on August 26, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Епидемијата, поплавите и пожарите не потсетија колку е важно да се продлабочи регионалното заедништво, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната церемонија на предавање на претседателството со Процесот на министерска соработка во одбраната во Југоисточна Европа и на одбележувањето на 22-годишнината од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG

На настанот што се одржа во Куманово, а на кој присуствуваат високи претставници од Бугарија, Албанија, Грција, Романија и Турција, министерката Шекеринска порача дека процесот на министерска соработка е одличен форум за регионален дијалог и безбедносна соработка и модел за градење на добри односи меѓу соседите.

Таа им се заблагодари на сите сојузници и пријатели од регионот и пошироко кои, како што рече, несебично ни пружиле помош во справувањето со шумските пожари.

Порача дека по членството во НАТО, како приоритет на земјата останува интеграцијата во ЕУ.

– Сега сме дел од најмоќната воена и политичка Алијанса и сојузници со најмоќните држави на светот. Сакам да нагласам дека нема да застанеме тука бидејќи имаме се уште работа на планот на интегрирањето со ЕУ, рече Шекеринска.

Претседавањето со Процесот на министерска соработка во одбраната го презема Бугарија. Досега со овој процес претседаваше Албанија. Како дел од овој процес, на почетокот на ноември во Скопје ќе се одржи министерски состанок на земјите членки, на кој се очекува да бидат реафирмирани политиките на заедништво и солидарност во справувањето со новите закани и предизвици.

АРМ Пандемија помош Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.