Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Годинава дополнителни 375 професионални војници во Армијата

0
By Нова ТВ on November 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 29, 2018 18:17

Целта ни е оваа година дополнителни 375 професионални војници да бидат примени во составот на Армијата, бидејќи на Армијата и треба подмладување. За жал во право сте, во првите два испитни турноса бројката на примени припадници и на албанската заедница, меѓутоа дел и на другите заедници беше низок, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на прашање на пратеникот Реџаљ Исмаили од ДУИ попладнево на собраниска седница.

Меѓутоа, како што додаде, министерот освен тоа што мора да води сметка и за уставните принципи, еден од тие важни принципи е и правичната застапеност мора да води сметка и за законските принципи.

-Сакам да ви кажам дека буквално секој припадник на албанската заедница којшто ги исполни формалните услови беше примен… Во последниов конкурс во којшто ќе се бираат дополнителни 125 – 25 војници од вкупниот број на пријавени кандидати само 40 се албанци. Значи, веќе од стартот при кандидатите имаме помал број и можеби сте во право дека еден дел и губат верба и затоа и не конкурираат. Бидејќи и во претходните процеси имаше одредени коментари дека проблемите со поминување на одреден дел од тестовите можеби биле врзани и со некаков скриен тип на дискриминација по реакција на некој од кандидатите и писмо и разговор со Народниот правобранител се договоривме, јас целосно се согласувам, дека и тие треба да го разгледаат целиот процес, истакна Шекеринска.

Тоа, според неа, не се работи во кои како политичари треба да се мешаат, меѓутоа мора да гарантираат дека во процесот не постои дури ни страв од дискриминација. Додаде дека вистинското решение треба да се бара во измена на Законот.

-Ако одреден граѓанин на РМ помлад од 25 години поминал на овие тестирања за да доброволно служи војска и три месеци да биде во касарна, да има оружје, да биде обучуван за тоа како можете да ми кажете дека тој не може да помине втор сличен таков тест. Има одредени разлики во правилниците, меѓутоа тие по мене навистина повеќе се бирократски отколку суштински, истакна Шекеринска.

Согласно Програма за продолжување на реформите во Македонија врзана со нашето членство во НАТО, како што посоли, се планира во следниве месеци да бидат предложени измени на Законот за служба во Армијата.

-И не само заради овој проблем, туку и заради популаризирање на професијата ќе ви предложиме и се надевам дека Собранието ќе прифати модел во којшто за да станете професионален војник ќе бидете тестирани на почетокот за доброволно служење на војска и ако во тие три месеци функционирате, си ја исполните својата обврска по автоматизам на крајот на тој рок ќе бидете примен за професионален војник. Ова што сега го имаме како процедура ги измачува кандидатите, дел од нив дигаат раце, но ја измачува верувајте и администрацијата во МО. Истата процедура ја терате по три пати. Меѓутоа, таков е законот каков што го имаме во моментот, истакна министерката.

Таа рече дека се надевам оти ова нема да биде единствената реформа и оти слично ќе биде и во делот на обуката на пилоти, каде нема доволен број на кандидати.

-Луѓето велат – ќе тргнеме на обука која е тешка, која ќе ни земе една година од животот, а не знаеме утре дали ќе не вработите. Ако државата инвестира толку многу во обука на еден пилот навистина е неразумно да не го примите на работа. Така што, и во овој дел треба да се грижиме да направиме можност Министерството да доаѓа до подмладување, да им дадеме можност најдобрите да дојдат до израз, но исто така и да не ги малтретираме луѓето со непотребна бирократија, истакна Шекеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.