Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, заедно со портпаролот на партијата и пратеник, Петре Шилегов, и пратеничката Софија Куновска, ќе ги посетат жителите на скопските населби најпогодени од вчерашните поплави и силното невреме, соопштуваат од партијата. Тие ќе одат во населбата Ченто и населените места Арачиново и Стајковци.
Досега невремето однесе 20 жртви, а најголем дел од нив се од Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, каде има и најмногу урнати и поплавени куќи, како и уништени возила.