Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со коментар за последните настани што ја кренаа на нозе јавноста, на својот ФБ профил напиша:
“Кондоминас уапсен, Талевска missing in action, Тодоров „мие раце”, а премиерот опуштено… молчи! Лош викенд за Илинденска бб.”
Овој коментар доаѓа по апсењето на Димитрис Контоминас, грчкиот бизнисмен кој имаше зделки и во Македонија, како и објавувањето на документи пред два дена од страна на СДСМ, дека, како што кажаа, омилената уредничка на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ во телевизија Сител, Ивона Талевска, главен и одговорен уредник и во весникот Вечер, била и омилен бизнис партнер на власта во секторот здравство. Уредничката се извештила во успешен трговец, говорат овие 40 илјади евра од сметката на семејната фирма на Талевски, изјави портпаролот на СДСМ, Петар Шилегов.
-Според овој документ, Талевска, 25 дена пред Нова Година, склучила бизнис со Клиниката за радиологија во Скопје, тежок, најмалку 40 илјади евра. Станува збор за апарат што Клиниката за радиологија одлучила да го набави токму преку фирмата на Талевски, Визарис.
Оваа фирма, Визарис, е во сопственост на мајката на Ивона Талевска, Лимба Талевска и на извесен Марко Петровиќ од Белград.
Значи основана со мешовит српско – македонски капитал. Тоа го покажуваат податоците од овој официјален документ од Централниот регистер на Република Македонија, изваден пред 10 дена. Самата уредничка, Ивона Талевска, како што е наведено на фактурата тешка 40 илјади евра, е лице за контакт во Визарис.
.jpg)
Фирмата на Талевска, Визарис, е регистрирана за трговија со медицинска опрема, апарати и информациони системи во здравството. Интересно, седиштето на фирмата Визарис, чиј сопственик официјално е мајката на Ивона Талевска, е во Градскиот парк во Скопје, на Градски стадион, без број. Очигледно ќерката уредичка има повеќе работни ангажмани на оваа адреса, изјави Шилегов.

Компанијата Визарис Белград после овие обвинувања, најави тужба за клевета и невреда пред надлежните судови, со цел да го заштити својот углед откако политичката партија СДСМ денеска изнела полувистини за компанијата Визарис МКД која е изложена на јавен напад поради тоа што новинарката Ивона Талевска е ќерка на нашиот партнер во Македонија, Лимба Талевска, соопштија од компанијата.
Македонската асоција на новинари – МАН протeстираше против настапите на СДСМ во јавноста, со образложение дека пласираат неосновани напади и квалификации против новинарите, со цел истото да се користи за нивните дневно- политички потреби.




