ВИДЕО: Шеќеринска на 2:04:57
Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во својот говор на вечерашната трибина во Унвиерзална сала рече дека оваа битка се води за да власте стане одговорност.
„Што зло им направи Македонија за да и враќаат со зло. Не се човечиња, тие се корумпирани нелуѓе кои сакаат да ја корумпираат сопствената земја. Но, очите ни се отворија и за една друга работа. Далеку зад сите овие снимки, зад сите овие разговори, низ сето тоа ние граѓаните успеавме да го видиме нивниот страв, бидејќи кога корумпирани и забегани нелуѓе се плашат од се околу себе тогаш тие го знаат само стравот како инструмент. Се плашат од се, од своите, од граѓаните, бегаат од дуели и затоа што тие живеат во страв сакаат и да владеат со него. Затоа мора да контролираат и прислушуваат се, вклучително и своите.
И овие денови она што е најстрашно на скапо платените телевизиски екрани ни велат „верувајте ни“. На кого да веруваме, на институциите или на она како што тие велат медрано циркус? Дали треба да веруваме на нивните реклами кои и денес не запираат или на нивните разговори? Кажете им ја вистината на луѓето и земјата ќе ви верува.
Вистината ги шокираше сите нормални луѓе, меѓутоа во исто време вистината и не ослободи од стравот и од лажната надеж на луѓето во Македониај дека оние луѓе знаат што прават. Не ослободи од лажното очекување дека злото само ќе замине. Знаеме дека ова зло само нема да замине и Македонија мора да покаже врата на корумпираните луѓе кои помислија дека Македонија е нивен дуќан. Сите луѓе кои доаѓаат секој ден се повеќе, многу мина си рековме, зар од овие луѓе треба да се плаши Македонија?
Вистината ни даде обврска да гледаме и напред. Сите ние кои сме биле жртви на овој режим, сите кои сме ја платиле цената на оваа корумпирана власт која се крие зад Бога и семејството секој пат кога ќе ги прекрши нвините принципи, за Груевски и врхушката, власта е само моќ, моќта е да се уништат цели семејства без пардот, жени, кафани, бизнис се, моќта да се потчинат, уплашат или корумпираат голем број на луѓе. моќ да се казнува, моќ да се храни суетата и банкарските конта на многу од нив.
Ја водиме оваа битка за да сето тоа престане. Ја водиме оваа битка за да власта стане одговорност. Не ја бараме поддршката за да еден Сашо или Никола се смени со некој други, ја бараме поддршката во оваа битката за да министерствата не бидат партиски штабови, а државниот буџет да не биде партиска каса. Ја водиме оваа битка за да Македонија почне слободно да говори и на улица и по телефон. Новинарите слободно да работат, а ние слободно да ја носиме одлуката. Ја водиме оваа битка и можеме да ветуваме, дека со вистинска политичка битка работите се менуваат.
Сметаме дека Македонија не смее да си дозволи да биде државата која се наоѓа помеѓу Непал и Ангора. Македонската радиотелевизија симбол на македонската државност, првите луѓе кои седат и ја узурпираат таа куќа ќе ја ослободиме од партиско туторство од граѓаните – за граѓаните, тоа е мисијата за таа куќа. Убедени сме дека мнозината кои работат во таа куќа го посакуваат тоа, и нив ги повикувам да ни се придружите. Придружете ни се во делењето и ширењето на вистината.
Буџетот нема да го користиме за да ги корумпираме медиумите, со закон ќе го промениме највисокиот износ за казна за клевета кои ќе го предложат од новинарските здруженија. Ви ветуваме дека од 12 прилози на вести ниту еден нема да биде нарачка.
Целосно ќе го смениме законот за комуникации. Тој нов закон за следење на комуникациите ќе обезбеди контрола на граѓаните, а не на власта, ќе обезбеди гаранции за граѓаните. Нема да правиме детски трикови како оние што му ги правеа на Тито и останатите. Ја водиме оваа битка, не за да една забегана власт замениме со друга. Свесни сме дека граѓаните сакаат да видат нешто различно, не да се менуваат луѓето, туку да се менува овој злосторнички систем.
Ова се луѓе кои не им веруваат на своите, ова се луѓе кои не и веруваат на сопствената држава ниту на себе. Македонија тоа веќе не смее да го дозволи.
Во моиве 40 и кусур години имав шанса и да патувам, да живеам куси периоди надвор од земјава. Се враќав во Македонија и во Скопје затоа што тоа е единствениот мој дом, ова е единствената татковина на 2 милиона луѓе. Се враќаме во својата татковина затоа што тука е нашето семејство, нашата младост, нашата љубов.
Затоа сега да испратиме порака да ен дозволиме да не бркаат еден по еден од неа, да не дозволиме да не сотрат еден по еден. Макеоднија е посилна од што им изгледаше, Македонија е помудра отколку што овие од власта се надеваа. Обединети сме сите и во мисла и во срце и во разум.
Обединети сме без разлика и на партиските книшки, со една единствена цел која многу ги плаши – да не дозволи ова зло да продолжи, да не дозволиме ова зло никогаш повеќе да не и се случи на Македонија.“ посочи Шекеринска.




