Струга, сончев ден, голем број млади собрани покрај кејот ја пречекаа заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

На средбата младите ги споделуваа очекувањата за подобра иднина во Македонија.

Шекеринска денеска освен во Струга, средби со граѓани оствари и со жителите на Радожда.

Населба која потекнува уште од средниот век, жителите горди на својата населба, велат не би ја напуштиле, но се жалат дека се соочуваат со големи проблеми.

Власта 8 години ни ветува дека ќе изгради колектор, но тоа сеуште не го направија. И патот е за никаде, а сакаме да развиваме туризам, се пожалија жителите.

Парите од буџетот повеќе нема да се трошат на непродуктивни проекти, ние ќе ги пренасочиме кон градење инфраструктура во општините, рече Шекеринска.