Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Потребно е итно зајакнување на регионалните капацитети, системи и процедури за кризен менаџмент

0
By НОВА ТВ on November 4, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 4, 2021 11:04

Потребно ни е итно зајакнување на регионалните капацитети, системи и процедури за кризен менаџмент. Имаме механизми, имаме алатки, но тие сите можат да се искористат поефикасно. Имаме воспоставено механизми дури и за размена на информации. Добивме искуство и од заедничкото работење на терен. Имаме и канали за размена на научените лекции и најдобрите пракси, нагласи министерката за одбрана Радмила Шекеринска во воведното обраќање пред Состанокот на министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа членки на иницијативата СЕДМ (South-Eastern Europe Defence Ministerial Meeting).

Денешната средба, како што рече министерката, е диреткна потврда на заедничкиот интерес да создаваме и да развиваме пријателаства, да ги јакнеме не само нашите лични контакти и знаења, туку и да ги јакнеме нашите институционални врски и довербата меѓу нас.

– Денеска сме тука да дадеме одговор, како лидери кои треба да го покажат патот на соработка и заедништво, како лидери кои ќе повлечат чекор и да го повлечеме чекорот кој навистина ќе вроди резултат. Како што велат „најтешкиот пат започнува токму со првиот чекор“. Да го направиме тука и сега и да покажеме дека токму во секторот на одбраната во Југоисточна Европа сме ги научиле историските лекции и дека сме го поминале тестот на сите идни предизвици, порача Шекеринска.

Просперитетот на една земја, вели Шекеринска, нејзината безбедност и иднина зависат од способноста на креаторите на политиката да направат една визија за долгорочна иднина, да ги предвидат краткорочните настани и да ги икористат овие проекции да размислат за сите различни прашања, тргнувајќи од буџетот, планирањето, одбраната, но исто така и големата стратегија.

– Не е тајна ако владите треба да реагираат во време на криза, тие мора да реагираат брзо бидејќи проблемите честопати растат многу брзо експоненцијално. Тоа значи дека е многу важно да има рано дејствување, а секое одлагање има катастрофални последици. Тие мора исто така да бидат и адаптабилни, да дејствуваат мудро, но третата состојка која треба денеска детално да ја разгледуваме тоа е елемент којшто може многу да го олесни и направи поефикасен кризниот менаџмент, а тоа е потенцијалот за сојузи, регионална соработка и вистински пријателства и партнерства меѓу нас, нагласи Шекеринска.

Таа се заблагодари на сите кои понудија и обезбедија помош кога земјава беше погодена од пожарите.

Заменик министерот за одбрана од Бугарија и претседавач на СЕДМ Пламен Христов Јорданов ги наброја целите на кои претседаваштвото ќе се фокусира. Најнапред, како што кажа, е унапредувањето на меѓусебното разбирање, доверба и соработка меѓу земјите членки на СЕДМ.

– Придонес на СЕДМ и на мултинационалните мировни сили на регионалната и светската безбедност и стабилност. Унапредување и проширување на способностите за распоредување во мировни мисии. Поддршка на распоредувањето и ангажирањето на силите во мировните процеси, унапредување на евроатлантскиот процес на земјите членки на СЕДМ, имплементација и развој на СЕДМ проекти како и проширување на СЕДМ процесот со нови членки и последно, но не помалку важно соработка со меѓународните организации на Обединетите Нации, ЕУ, НАТО и ОБСЕ, рече Христов Јорданов.

И покрај тоа што пандемијата се уште не е завршена, рече тој, може да утврдиме и да увидиме дека војската всушност претставува клчучен елемент во борбата против пандемијата.

– Се уште учиме секој ден но се надевам дека ќе ги запомниме првите лекции коишто веќе сме ги научиле од оваа криза, а тоа е дека ни треба повеќе солидарност, потребна е солидарност меѓу нашите општества и внатре во нашите општества. Убеден сум дека иницијативата ќе продолжи да ја зајакнува нашата соработка и доверба во претстојниот период и во следниве години и се надевам и убеден сум дека успешно ќе се соочиме со предизвиците, заклучи Христов Јорданов.

СЕДМ претставува процес на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа (ЈИЕ). Земји членки на СЕДМ се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грузија, Грција, Италија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Северна Македонија, Турција, Украина и САД, додека Молдавија има статус на земја набљудувач.

Суштината на СЕДМ процесот е јакнење на разбирањето и политичко-воената соработка во регионот, со цел подобрување на стабилноста и безбедноста во ЈИЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.