Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Седми сме во светот по мизерија и страдања

0
By Нова ТВ on December 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 18, 2013 09:05


Со тек на време во Македонија ќе стане, не пракса, ќе стане правило, дека за здравство не треба да дискутираме, бидејќи амандманот никогаш нема да дојде на ред. За образование од време на време, ако ни се посреќи, изјави синоќа пратеничката Радмила Шеќеринска на собраниската говорница.

-Јас денеска сакам да спомнам 2 теми, на кои малку имавме прилика да дискутираме, а тоа е темата и резултатите во делот на образованието и во делот на здравството. Инаку, ако почнеме да збориме за општите статистики и општите листи на Македонија, треба да го потсетиме министерот за финансии дека денеска Македонија успеа да доживее уште еден историски успех, 7-ми сме во светот по тоа колку ни страдаат нашите граѓани. Помеѓу Мадагаскар и Иран, две земји за пример.

И бидејќи министерот сака да се споредува и со минатите години, демек светот е денеска во криза, ќе го потсетам дека минатата година, на таа најлоша листа не бевме сјајни, но бевме 17-ти. Сега, по вака добриот буџет и вака одличните економски и сите други политики, успеавте Македонија да ја бутнете понапред. Од 17-то место во мизерија и страдања, на 7-мо место. И државите кои ги спомнувавте дека за нив треба да седнеме и да плачеме, тие со сите тие маки, успеваат нивните граѓани денеска помалку да страдаат од Македонските.

Во делот на образованието, една од политиките која што беше помовирана од 2006 година е дека во Македонија ќе биде задолжително средното образование. Добра цел, лоша политика како да се стигне до неа. И бидејќи беше, лоша, паролашка, ударничка политика, зад која не стоеше ниту план, нити пари, ниту програма, еве ги погубните резултати на таа политика.

На тестирањето направено и за математика и за наука во 2011 година, нема полоша држава во Европа, ама не само европскиот континент што ние го размислуваме, туку и Ерменија, Грузија, државата со која доаѓаме блиску е Монголија. Друга држава со која сме блиску е Тунис, во Северна Африка, позната како регион со слабо образование. Јас не зборам дека тоа може да се промени со еден буџет. Ама тоа значи дека политиката која не доведе до вакви резултати е погрешна и со неа треба да се престане.

Многу малку слушнавме и во изминатите дебати и на комисија за здравство за тоа колку состојбите во здравството се подобрило. Нема такви дебати, не дека власта незнае да збори за тоа, знае, ама кога нема податоци и лажењето е малку потешко.

Погледнете го пристапот до примарна здравствена заштита. Гледате некој нагорен тренд? Гледате некое подобрување на кое горди треба да бидеме?

Во Македонија во 2006 година, пристапот до здравствена заштита го обезбедиле 95,1% , пристапот до примарна здравствена заштита минатата година е катастрофални 84,6%, изјави Шеќеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.