Поддржани сме од европската левица постојано- во процесот на визна либерализација, евро-интеграциите, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска по средбата меѓу раководството на СДСМ и Јоханес Свобода, лидер на групата на социјалисти и демократи во Еворпскиот парламент.
-Се заблагодаривме на постојаната, континуирана поддршка којашто левичарите во Европскиот Парламент ја даваат на процесот на проширување на Европската Унија, никогаш немаат дилеми, никогаш не потклекнаа во таа поддршка.
.jpg)
Секојпат кога се гласаше за Република Македонија, за поддршка на нејзиното членство во Европската Унија, социјалистите и социјалдемократите во Европскиот Парламент секогаш беа ЗА. Она што сакам овде да го истакнам е дека тоа се пратеници и политичари кои она што го говорат во Македонија, го прават и го спроведуваат и кога се во Брисел и кога се во нивните држави.
Затоа сакам да им се заблагодарам и на поддршката што ја даваа во процесот на визна либерализација. Тоа беше пратеничката група којашто и сега се спротивстави на воведувањето или враќањето на визите и тоа беше пратеничката група којашто постојано вели дека местото на Македонија е во Европската Унија.
Она што за нас како партија е значајно е што во изминатиов период искористивме многу од нивното искуство во градењето на нашата Програма. Програма која што се базира токму на темите коишто најмногу им значат на македонските граѓани. Темите на проширување, на членство во Европската Унија, развој на демократијата, но, пред се и над се економски и социјален развој.
Навистина ни беше задоволство што еден дел од овие теми, особено теми посветени на социјалната држава, посветени на политиката на вработување, на економската политика и праведниот даночен систем ги дебатиравме и со нашите европски колеги и од нив навистина добивме и многу искуство и многу знаење и многу нови идеи, изјави Шеќеринска.




