„Немам намера да се извинам за кажување на вистината“, рече на денешната прес-конференција заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.
„Ако мислат дека споредбите со Љубе Бошковски ќе не уплашат се лажат, апсете, заканувајте се“, истакна Шеќеринска.
Таа истакна дека и по 24 часа од пратеничките прашања нема одговор, ниту реакција од премиерот, ниту од Директорот на тајната полиција, а ни од Дражавната антикорупциска комисија.
Вчера на собраниската седница за пратенички прашања Шеќеринска праша дали премиерот знае како за само 5 години директорот на УБК Сашо Мијалков го зголемил имотот за 1,6 милиони евра.
По што следуваше одговор од Мијалков: Со истата теза и со истите клевети во јавноста пред три години излезе и Љубе Бошковски. Тогаш, појаснив дека мојот удел од 50% во фирмата регистрирана 2003 година е продадена во Прага на двајцата други косопственици, во две одвоени трансакции по 25% кои вредеа по 500 000 евра, како што впрочем е наведено во анкетниот лист.




