Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Ќе најдеме начин за почеток на преговорите со ЕУ

0
By Нова ТВ on July 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 7, 2013 09:54

Решение за името не смее да го загрози националниот идентитет и интереси и убедени сме дека со политичка волја може да се дојде до такво решение,заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска во неделното интервју на Радио Слободна Европа :

– Но, опозицијата не дава предлог. Како би смеела опозицијата да даде конкретен предлог, кога македонската опозиција е единствената во двете држави, па и во меѓународната заедница којашто е целосно екскомуницирана од преговорите. Како можете да лицитирате со предлози, кога во македонската јавност не знаeме, па и во македонското собрание, кој е последниот предлог на Нимиц.

И секое импровизирање од наша страна навистина би било нарушување на македонските позиции. Ние тоа не го правиме и не сме сакале во минатото да го правиме и сега нема да го правиме. Меѓутоа она што дефинитивно сакаме да го ставиме јасно како наша позиција број еден е дека Македонија е таа што губи со нерешавање на тој спор. Грција како што гледаме може да преживее, таа не плаќа елементарна, ни политичка, ни економска, ни социјална цена, товарот е на Македонија.

Нашиот став е дека тоа треба да го измениме со многу проактивен однос, ние треба да бидеме тие што, не само што ќе бараме средби, туку и ќе нудиме решенија. Ќе создаваме притисок и во Вашингтон и во Брисел и уште повеќе во Берлин, во Лондон, во Париз, дека ние имаме предлог и дека кај нас постои интерес да се најде решение.

Сега резултатот ни е нула-нула, и нас не критикуваат и Грците ги критикуваат, но резултатот нула-нула ги носи Грците во следното финале, не ја носи Македонија. Тој и е доволен на Грција, не им треба повеќе, за жал ВМРО-ДПМНЕ покажува дека партиските интереси им се многу побитни од државните интереси. Спорот со Грција за името го претворија во чадор со кој се бранат од какви било објективни критики за сè.

Шеќеринска вели дека постои начин за преговори со ЕУ и СДСМ ќе го најде тој начин:

-СДСМ како власт ќе најде начин Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Прво заради тоа што во Македонија ќе ги подобриме состојбите, затоа што денеска Македонија има ровита позиција, не само заради односот во преговорите со Грција, што ѝ одговара на грчката страна, туку и заради автоголовите коишто владата ги даваше во сопствената држава.

Односот кон медиумите не е само тема во Македонија, за неа зборуваат и го критикуваат практично сите европски институции од кои бараме поддршка.

И сега ќе погледнат европратеници, луѓе во Европската комисија, па и од земјите членки на ЕУ и ќе речат – чекајте, очекувате јас како европски политичар за да заложам за Македонија во спорот со Грција, а притоа ми ги одземате сите аргументи. Македонија станува позната по изградба на споменици, враќање во историјата, затворање на медиуми и новинари и гушење на слободите и тепање на пратеници во парламентот.

Кој ќе ја брани Македонија со ваква лична карта? Многу малку пратеници и многу малку влијателни политичари. Тоа ќе го промениме веднаш и поправајќи ги домашните резултати ќе ја направиме Македонија и посилна во преговорите со Грција.

Вице-претседателката вели дека еден од начините да успее СДСМ е во ослободување на граѓаните од стравот:

-Денеска македонските граѓани не живеат само со стравот дали ќе го преживеат месецот, дали ќе ја зачуваат работата, дали ќе им преживее бизнисот, туку во исто време живеат и со нови стравови, а тоа е дали инспекторот од политички или лични причини ќе им стави казна која де-факто ќе им го загрози бизнисот.

Дали нивните деца на училиште ќе добиваат оценки или екстерно ќе бидат тестирани по вистински критериуми или по партиски и приватни критериуми. Денеска граѓаните живеат во страв дека ако се на спротивната страна или ако ги искритикуваат владините политики, дека некој ќе смета дека тие се државни непријатели. Денеска граѓаните се во страв дали Македонија ќе преживее како држава во регионот кој оди напред, а таа стагнира и на патот кон ЕУ и на патот кон НАТО, вели вице-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска во интервјуто за РСЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.