На предлогот за измените на законот за работни односи се противи СДСМ. Тие сметаат дека со измените дополнително се уназадуваат и онака загрозените права на работниците.
Во Собранието се води расправа за предлогот за измени на законот за работни односи.
„Владата предлага работодавачот да може да го отпушти работникот и по три одминати години за сторено дело кое е основ за отказ“, истакна Радмила Шеќеринска, потпретседателка на СДСМ.
Ваквото драстично зголемување на роковите за застареност во пракса ќе предизвика голема злоупотреба од страна на работодавачите, сметаат експертите.
Годинава, Владата предлага измени во Законот за работни односи, а според поголемиот дел од експертите тие директно се насочени на намалување на правата на работниците. На предлогот за измените на овој закон се противи и опозицијата која смета дека со измените дополнително се уназадуваат правата на работниците.




