Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Мијалков има имот непријавен во Анкетениот лист

0
By Нова ТВ on November 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 7, 2013 16:10


„Скандалот со имотот пријавен и не пријавен и грешно пријавен на директорот на тајната полиција и прв братучед на премиерот, Сашо Мијалков, како и вмешаноста на Антикорупциската комисија во овој случај, како и неговото прикривање, излегоа на виделина. Сите инволвирани во случајот ќе треба да понесат одговорност“, изјави денеска пред новинарите потпретседателот на СДСм, Радмила Шеќеринска.

– Директорот на тајната полиција има имот што не е пријавен во неговиот Анкетен лист. Мијалков вчера самиот го призна тоа со дописот до Антикорупциската комисија!

– Господинот Мијалков, според неговото оправдување, случајно згрешил една нула, ама на две места, и случајно разликата во вредноста на тие две линии во Анкетниот лист е, ни помалку ни повеќе, туку 700-тини илјади евра. Ако директорот на УБК и прв братучед на премиерот, ненамерно но лесно додава нули, дали можеби случајно и избришал некои нули во врска со неговиот имот?

– Мијалков, не се збунил само за вредноста на неговите накит и слики. Направил лоша математиката и не успеал да пријави и цела една фирма која што е во негова 100 процентна сопственост! И вчера после двнодневно повикување и прашања од страна на медиумите за дотичната фирма, самиот призна дека ја купил пред 7 месеци во Чешка.

– Ама фирмата ја нема во неговиот Анкетен лист. И фирмата потврдува дека пратеничкото прашање удри еден многу болен нерв кај семејството и кај власта. И тоа самиот писмено го призна Мијалков во дописот до Антикорупциската комисија. Но, самиот не се потсетува дека ова признание доаѓа 5 дена по поставеното пратеничко прашање и 2 дена откако медиумите неуспешно се обидуваат да добијат одговор од Антикорупциската комисија. И одеднаш и Антикорупциската комисија и шефот на тајната полиција токму во ист ден, во растојание од неколку часа одлучија да и соопштат на јавноста, не дека Мијалков неточно ги известил за неговата имотна состојба, туку замислете, дека го ажурирал својот Анкетен лист. Ако е така, никој не треба да доставува анкетни листови бидејќи кога ќе биде фатен, само листот ќе го ажурира.

– Притоа, пред 7 месеци просечната плата ако ја пресметате и помножите со 20 ќе видите дека дури и образложението што шефот на тајната полиција го дава во својот допис до Антикорупциската комисија, не е точен и тој согласно закон морал во рок од 30 дена да пријави дека купил уште една фирма. Другите прашања во врска со оваа фирма ќе ги оставиме за подоцна.

– Тоа што го дополнува целиот овој скандал, тоа што покажува дека навистина математиката на првите луѓе во власта не им е најсилна страна, тоа што ни го отвара прашањето, ако така лесно се заборава една фирма, колку други фирми останале непријавени и ќе останат непопишани во анкетните листови на претставниците во власта?

– Најстрашно од се е што овој случај ја покажа уште еднаш сервилноста на Државната комисија за спречување на корупцијата кон овој владин функционер како и кон некои други во минато.

– Прво, молчеа за нулите, потоа ги одмолчеа така наречените технички грешки, ги одмолчеа и пратеничките прашања и прашањата упатени до нив за кои што се должи да постапат по закон.

– Откако лично Мијалков најотворено им префрли дел од одговорноста, прозивајки ги дека не го ажурирале неговиот имотен лист, претседателот на Комисијата се охрабри да проговори, да се посипе со пепел, но и да каже дека имотната состојба сега ќе ја проверува Управата за јавни приходи .За нивната сервилност ниту збор од првиот антикорупционер!

– Споменувањето на моето име и на некои други функционери беше со една и единствена цел, ако е можно да се дефокусира јавноста и прашањата да се преформулираат.

– Фактите денеска се непобитни! И нив не може да ги негира дури ни власта која што вообичаено ја избегнува вистината.

– Факт број еден, шефот на тајната полиција и прв братучед на премиерот, не го пријавил својот имот. Шефот на тајната полиција направил неколку прекршувања на законите и на неколку линии избегнал да проговори за својата имотна состојба.

– Факт број два, Антикорупциската комисија како и во минатото така и овој пат, замижала пред несовпаѓањата на анкетните листови на шефот на тајната полиција со вистината.

– Законот е во двата случаја прекршен. Од одговорност не можат да се амнестираат ни директорот на УБК, ниту неговиот заштитник, Државната комисија за спречување на корупцијата. Очекуваме да проговорат за вистината и наместо со закани, да почнат да работат согласно закон, рече Шеќеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.