Published: Tuesday, January 7, 2014 15:26
Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на Твитер објави дека е задоволна од денешната средба со еврокомесарот Штефан Филе. Шеќеринска на средбата во Брисел беше со претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев.
Преку социјалниот медиум, таа објави дека средбата била одлична можност за размена на мислења на тема Македонија и ЕУ.
Штефан Филе неодамна оствари средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети а редовно се среќава и со премиерот Никола Груевски.
Средба со лидерот на опозицијата немало уште од времето на Бранко Црвенковски, а оваа средба се одржа по негово барање.




