Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Живееме во земја во која луѓето страдаат, да го промениме тоа

0
By Нова ТВ on December 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 16, 2013 18:00


Живееме во држава во којашто државните институции блокираат 6 илјади приватни фирми и тоа не е проблем. Живееме во држава во којашто преку ноќ не знаеме од каде некој ќе постави споменик, за да потоа следната ноќ знаеме кој се обидел истиот да го сруши, изјави синоќа заменик-претседателката на СДСМ, РАдмила Шеќеринска во нејзиното обраќање во скопски Аеродром.

-Живееме во држава во којашто ордени и херои правиме од Орбан, а на хероите од типот на Мандела никој не се сеќава.

И за жал живееме во држава којашто политиката 7 години има една и единствена цел, а тоа е како да се создаде екстремно моќна и екстремно богата мала група околу овие на власт. И токму поради таа политика, токму поради таа цел во државата, да се поделиме, на многумина кои се сиромашни и малкумина кои ја имаат сета моќ во свои раце, затоа се кратат работничките права, затоа Македонија ги има најмизерните и најниски плати во целиот регион и во цела Европа.

Затоа Пензискиот фонд е на работ на пропаста, затоа најлесната работа во светот, во Македонија е да отпуштите работник. Затоа во Македонија не е тема што долгот на државата за 6 години се дуплирал.

Затоа во Македонија не е тема што 447 илјади граѓани се иселиле од државата, најголемиот дел од нив млади. Македонија стана најголем шампион во тоа што процентот на оние кои заминуваат, а имаат факултетска диплома, е поголем и од Албанија, Косово и Босна кои години со ред имаа најголем проблем со иселувањето.

Живееме во држава во која што македонските граѓани најмногу страдаат. Според светските истражувања Македонија по процентот на луѓе кои страдаат е после Иран.

Затоа токму заради целата оваа група на проблеми, оваа политика ние мораме да ја поразиме, оваа власт ние мораме да ја срушиме, овие властодршци ние мораме да ги изложиме на тестот на народот, на тестот на граѓаните, а богами и на тестот и на законите и судовите.

Затоа почитувани сограѓани, почитувани скопјани и граѓани на Аеродром ни треба вашата помош, ни треба вашата помош за да допреме до секој кој и мисли добро на оваа држава, изјави Шеќеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.