Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска:Како за само 5 год. Мијалков го зголемил имотот за 1,6 милиони евра?

0
By Нова ТВ on October 31, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 31, 2013 14:13


Семејниот имот на Сашо Мијалков за овие 5 години пораснал за нешто повеќе од 1,6 милиони евра. И тоа само пријавениот имот. Односно од 1,1 милион евра во 2008 година, пораснал на 2,7 милиони евра во 2013 година. И повторно ќе нагласам, ова се само податоци од пријавениот имот на Мијалков, објавен на веб страната на Државната комисија за спречување на корупцијата, праша пратеничката Радмила Шеќеринска на седницата на Собранието.

-Дали знаете господине Груевски дека вашиот братучед Мијалков, кој е државен функционер, пријавил имот само по основ на часовници и семеен накит, од верувале или не, 500 илјади евра?! И уште дополнителни 300 илјади евра само за слики?!

Мијалков пријавил дека земал половина милион евра по основ на продажба на основачки влог на фирма и уште половина милион евра на продажба на сопственички удел во странска фирма.


Ама, како е возможно во Анкетниот лист во 2008 година истиот функционер да пријавил еден сопственички удел и тоа само во домашна фирма. И како е можно денеска тој да тврди дека земал нецели 1 милион евра од продажба на удел на две фирми, а во исто време во денешниот Анкетен лист да пријавува дека сеуште е сопственик не на една или две, туку на четири фирми.


Значи вака е математиката: Имал една фирма, продал две, а денеска е сопственик на четири фирми. Кажете ми господине Груевски каква е оваа ДПМНЕ математика?

Кој е тој бизнис кој на Мијалков, само на приватна сметка и само на лично пријавениот семеен имот, секоја година му носи над 19 милиони денари чиста заработувачка. Кој е тој бизнис би било добро да се знае во сиромашна Македонија?

Кој е тој бизнис кој на Мијалков му носи само според пријавеното околу 1000 евра лична заработувачка? А, притоа зборуваме за човек кој е државен службеник!

Кој е тој бизнис со кој во Македонија и во странство се занимава директорот на тајната полиција, а кој му овозможил за така кратко време да си го дуплира своето богатство? Кој е тој бизнис којшто го води првиот братучед , којшто му овозможил за кусо време да пријави дополнителен имот од 1,6 милиони евра?

Второто прашање кое го имам до премиерот Груевски е да не информира каде точно живее директорот на тајната полиција на Македонија. Дали е тоа улицата „Славејко Арсов“?

И како е возможно директорот на тајната полиција и Ваш братучед да живее во стан, куќа или зграда што не му е пријавен во анкетниот лист или во некој друг официјален документ?

Премиерот Никола Груевски на ова со одговор:

„Секој функционер има обврска да внесува податоци во анектни листови и сите тоа го имаат направено. Тоа го има сторено и Сашо Мијалков. За сите детали ќе си одговори тој, јас не можам за секој функционер да давам одговори. Знам дека до стапувањето на државната функција Мијалков бил приватен бизнисмен“.

Шеќеринска потоа реагираше дека на Мијалков е невозможно да му се постави прашање бидејќи тој никогаш не се појавил во ресорната собраниска комисија.

„Страшно е кога премиерот не вели дека ќе се распраша за ваквите информации, туку вели дека тоа не е негова тема. Па како може да не е тема на премиерот кога државен функционер за пет години си го зголемува имотот за 1,6 милиони евра? Вашето молчење го наметнува одговорот дека изгледа главниот корисник на семејната каса сте вие, господине Никола Груевски“, рече Шеќеринска.

На прашањето каде живее Мијалков, Груевски имаше уште покус одговор: „Посочената личност ќе одговори на сите прашања, уверен сум, на свој начин, “.

Потоа Шекеринска заклчучи дека и овој кус одговор на премиерот појаснува зошто Мијалков не е министер за внатрешни работи.

– Како министер ќе мораше да поднесува сметки. Вака е недоприрлив, а премиерот не знае ништо, па дури се прави и дека не знае каде живее Мијалков. Молкот на премиерот покажува дека Мијалков се грижи за имотот на премиерот. Вашиот анкетен имот нема поместувања во изминатите години, па затоа е јасно зошто другиот анкетен лист, на Мијалков, не е ист. Свесна сум дека вака директни прашања до премиерот можат да бидат ризична работа, рече на крајот Радмила Шекеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.