Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Схенк: Русија не стои зад лажните вести од Македонија

0
By Нова ТВ on January 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 22, 2019 12:55

„Ловецот“ на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју за МИА во Брисел, раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис од страна на Русија, туку дека Русите опортунистички ги користат лажните вест кои се појавуваат.

Схенк, оваа мрежа ја открил преку неговата веб страница за проверка на факти, Leadstories.com, каде развил софтвер за мониторинг на сториите кои се во тренд на интернет (‘трендинг’) и тој софтвер исто така ги гледа кодовите од реклами на сите сајтови. На тој начин се следи дали повеќе сајтови го користат истиот идентитет за реклама, што покажува дека истото лице раководи со тие сајтови.

-Мојот колега од холандскиот сајт за проверка на факти забележа некои лажни вести како се спамираат на Твитер и доаѓаа од налози кои изгледаа како ботови, и ме замоли да ги проверам во мојот софтвер, Trendolizer. Кога ги видов му реков дека сум ги видел овие сајтови порано исто во тренд со лажни стории. И заедно работевме да откриеме колкава и чија е таа мрежа. Почнавме систематски да ги разгледуваме, секој вебсајт со истиот рекламен таг, датум на регистрација, и најдовме уште постари сајтови со рекламни кодови кои нѐ водеа уште подалеку и така се враќавме назад во времето. И забележавме дека овие сајтови ги користеа истите статии во круг. Ги избројавме сите наслови за да видиме кои најмногу се користеле повеќе пати. Некои статии се појавиле на повеќе од 23 сајтови. Потоа со алатки за пребарување, како Гугл, за да видиме кои други сајтови ги објавувале истите статии, излезе дека повеќето од овие статии се копирани и украдени од други сајтови. За тоа време гледавме кои сајтови се спамираат на социјални мрежи и така дојдовме до околу 75 сајтови. Па почнавме да користиме алатка на Фејсбук што им се нуди на новинари за да се утврди кој прв објавил одреден линк во јавна група. И така увидовме дека низа лица објавуваат низа нови линкови на неколку недели. И секогаш беа истите лица.

Кога ги погледнавме информациите за првите регистрирани сајтови, видовме дека не се регистрирани анонимно. Тука ги најдовме Виктор Колевски и Слаѓан Бојковски, со мејл адреси и броеви на телефон. Бидејќи ова беа првите сајтови, веројатно не биле свесни дека треба анонимно да се регистрираат. Или можеби ги регистрирале со легитимна цел, а потоа ја смениле целта.

Многумина од овие претприемачи на лажни вести почнуваат со сајтови за бикини, мотори, кучиња, здрава исхрана, итн, па после преминуваат на лажни вести.

Така што ги имаме тие имиња, имаме имиња од тие што ги ширеле на Фејсбук статиите. Па почнавме да ги бараме на Фејсбук и видовме дека доста од нив се пријатели. Некои беа јасно лажни профили, како Џони Смит, кој беше американски војник од Њу Џерси со пријатели само во Македонија, вели Схенк.

Содржините што ги објавувале овие сајтови се преземани пред сѐ од вебсајтови од екстремната десница како yournewswire.com, од време на време статија од Брејтбарт, но земале и статии од сатирични американски сајтови.

Схенк објаснува дека се работи за само една мрежа, и кога се обиделе да исконтактираат неколку од инволвираните луѓе, одеднаш сите сајтови исчезнале, освен неколку кои се многу стари и неактивни со месеци.

За кумановската мрежа вели дека ја водат неколку луѓе и неколку десетици други ги споделуваат, плус неколку лажни профили.

-Не ви требаат многу луѓе, кога само копирате, а не пишувате вистински статии, не се потребни многу души, само ctrl+c/ctrl+v, објаснува Схенк.

Од контактите со нив, дошле до заклучок дека тие што стојат зад мрежата се познаваат, дека станува збор за семејно-пријателски бизнис, има еден поранешен војник, поранешен полицаец, возач на камиони. Со еден од нив зборувал на телефон.

-Рече дека не е веќе во АРМ, дека од ова заработува пари на страна и дека имал вебсајт порано и дека ништо не знае за ова, негираше, истакнува Схенк.

Најстариот сајт што го открил сајтот на Схенк е од 2016 година и пикот бил за претседателските избори во САД.

-Златниот период беше почетокот на 2016 година, кога многу лесно статија стануваше вирална. Лани некаде Фејсбук воведе мерки против тоа и имаше импакт, и има голем пад сега, но сепак уште успеваат. На Твитер се префрлаат сега, таму спамираат. Не мислам дека имаат ист успех како порано. Плус, мораат сѐ повеќе и повеќе сајтови да регистрираат, порано регистрираат по еден месечно, а на крај пет од шест месечно, вели Схенк.

Тој објаснува дека оваа активност е нелегална, бидејќи се работи за масовно прекршување на авторски права. Иако во повеќето западни држави не е нелегално да се изразува личното мислење за многу прашања, како на пример, дека муслиманите се такви или онакви, Схенк вели дека некои од овие статии се јасно спротивни на правилата на Фејсбук бидејќи поттикнуваат омраза. Исто така е спротивно на правилата на рекламерите, Гугл Адсенс не дозволува говор на омраза на сајтовите. И копирање статии од други сајтови е прекршување на авторски права, изненаден сум што нема повеќе тужби против нив. Веројатно затоа што е тешко да се фатат.

Од овој нелегален бизнис, според проценките на Схенк тие заработуваат по 50 до 100 евра дневно, додека во добрите времиња, 2015, 2016, се заработувало до петстотини евра дневно.

На прашањето дали се точни информациите во јавноста дека Русија стои зад нив, Схенк вели дека не верува.

-Она што Русите го прават е кампања на амплификација. Користат лажни твитер налози или лажни ФБ профили. Се случувало да користат скриншотови од вакви сајтови или наслови. Но, не мислам дека работат за Русите, пред сѐ сакаат пари да заработат, а Русите ќе видат дека некоја статија е вирална и ќе помогнат да ја шират. Опортунистички. Не е дека Русите ги создаваат сториите или дека ги насочуваат во одреден правец, туку гледаат да посеат поделба. Поттикнуваат две спротивставени страни и потоа ќе организираат протести, и слично. Русите објавуваат и статии во полза на Хилари Клинтон. Луѓето мислат дека Русите му помагаа само на Трамп, но тоа не е точно, тие само сакаа поделба да создадат, вели Схенк за МИА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.