Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шест нови случаи на коронавирус, меѓу нив сопружници од Кавадарци-вкупно 76 заболени

0
By Менче Атанасова Точи on March 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Станува збор за лекарка, психијатар од болницата од Кавадарци и нејзиниот сопруг кај кого е потврден вирусот во приватната болница на Жан Митрев, но на прес конференцијата, иако пациентот беше во бројката од 19 случаи, Кавадарци како град беше испуштен да се каже

Потврдени се тестовите на двајцата сопружници од Кавадарци кои се позитивни на коронавирусот, а во процес на тестирање е уште едно лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.Со ова бројот се зголеми на 76.

„Министерството за здравство информира дека попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76. Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.
Во Кавадарци каде што ова се први случаи, во текот на денот(петок) сите беа во исчекување на резултатите од двајцата сопружници, а во градот има голема вознемиреност. Станува збор за лекарка, психијатар од болницата од Кавадарци, која веројатно имала контакти со пациенти и вработените,  и нејзиниот сопруг кај кого е потврден вирусот во приватната болница на Жан Митрев, но на прес конференцијаѕа, иако пациентот беше во бројката од 19 случаи, Кавадарци како град беше испуштен да се каже. Сопругот на лекарката пак, е директор на ЈП Македонски шуми во кое сега веројатно треба да се прави епидемиолошка анкета на вработените, за да се утврдат контактите.
Во болницата во Кавадарци цел ден беа во исчекување на резултатите и не беа превземени никакви мерки, болницата не беше ставена во карантин, а пациенти се примаа нормално. Директорот на болницата др. Диме Коцев и др. Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје за НОВА изјавија дека ги чекаат резултатите и инструкции како да постапат понатаму со решение.
„Чекаме официјални резултати од тестирање за потоа да видиме како да постапиме, што ќе ни наложи Санитараниот и здравствен инспекторат, кои мерки да се преземат и дали болницата ќе се стави во карантин“, изјави за НОВА др. Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје.
Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци“, потврдија од Министертвото за здравство.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.