Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска на прес конференција посочи на постоење на како што рече партиско-фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во Уставен суд
– Ќерката на Елена Гошева, првата судика во Уставниот суд, Слободанка Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС. Сопруг на Слободанка Гошева Гиевска е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ. Слободанка Гошева Гиевска, беше претседател на Пописна комисија во пописот што не се спроведе. Сопруг на Елена Гошева е Ѓорѓи Гошев, поранашен директор на Студентски центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ, рече Шилегов.
– Фамилијата Гошеви не само што е директно поврзана и наградувана од ВМРО-ДПМНЕ со високи позиции во државата туку ова семејство преку Слободанка Гошева учествувало и во слични изборни измами при гласањето за време на избор на студентски лидер во 2002 година, обидувајќи се да ги демолира гласачките кутии и да врши притисок врз студентите при гласањето, изјави Шилегов.
Според него, наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок партиските инсталации во судството го рушат функционирањето на правдата и правната држава. Се, за фамилијата.




