Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегoв ги објави луксузните куќи на Латас во Зелениково

0
By Нова ТВ on January 31, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 31, 2014 15:21


Уредникот на ТВ Сител и професор на Европскиот универзитет Драган Павловиќ Латас поседувал огромен луксузен имот за кој тешко можат да се најдат конкретни податоци за големината и бројот на парцели во институциите, обвинува СДСМ. Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на денешната прес конфернеција излезе со документи за имотите кои ги поседуваат Павловиќ Латас и неговиот брат повикувајќи ги институциите да одговорат зошто имотните листови не содржат детални информации за видот и големината на имотот. Во продолжение прочитајте ја интегрално содржината од прес конференцијата која ја одржа Шилегов.

-Латас немал само 4 фирми кои функционирале на познатата адреса Градски стадион без број.

Куќниот пријател на премиерот Никола Груевски, уредникот Драган Павловиќ, немал само една фирма преку која свртел 250 илјади евра во една година.

Павловиќ и неговото семејство немале само 3 стана во вредност од околу 400 илјади евра.

Заедно со својот брат, медиумскиот могул на ВМРО-ДПМНЕ поседува недвижен имот со површина од над 7.000 метри квадратни во општина Зелениково.

Илјадници метри квадратни, во најголем дел купени во 2011 и 2012 година. Во истите години кога Павловиќ свртел 250 илјади евра и кога семејството Павловиќ се стекнале со два стана.

Според овој имотен лист, број 135, од катастарска општина Градовци, Драган Павловиќ Латас поседува градежно неизградено земјиште од 4.803 метри квадратни во местото Гуменја. Неговиот брат, на истото место, Гуменја, поседува 2.205 метри квадратни, исто така градежно неизградено земјиште.

Дополнително, според овој имотен лист, браќата Павловиќ поседуваат и друг недвижен имот, во истата општина, кој наводно го купиле со Договор за купопродажба склучен во ист ден, 2010 година.

Но, овој имотен лист, број 328, катастарска општина Грдовци, открива и нов скандал. Имено, никаде во имотниот лист не стои што всушност поседуваат браќата Павловиќ и со која квадратура. Воопшто не е наведен бројот на катастарската парцела, катастарската култура, намената, површината.

Дополнително, семејството Павловиќ поседува и друг недвижен имот, со незапишани права, и, исто така со непозната квадратура.

И скандалот не завршува тука.

На дел од имотот на браќата Павловиќ изградени се луксузни куќи, за кои не може да се потврди дали се легални, дали се во фаза на легализација или воопшто не фигурираат како имот.

Јавно прашуваме, дали сите овие луксузни објекти се изградени на имотот на Павловиќ и поседуваат ли газдите имотен лист за нив?

Која државна институција одобрила впишување на имот за кој нема информација колкав е и за каков имот станува збор?

Со овој нов скандал, медиумската корупција на Владата на Никола Груевски добива нова димензија за која државните органи и институции треба да дадат одговори.

Дали Драган Павловиќ Латас ги искористил врските со власта, на највисоко ниво и легализирал имот кој не може да се легализира?

Како тоа уредници на медиуми, успеваат да бидат и управители или сопственици на неколку фирми, да бидат и бизнисмени, да вратат по 250 илјади евра годишно, да имаат по неколку стана и да поседуваат огромно земјиште?

Зголемувањето на имотот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ оди рака под рака со зголемувањето на имотот на главните протагонисти на власта во медиумите. Очигледно, наклонетоста на медиумите и главните уредници има и трета димензија, а тоа е личното богатење, завршува Шилегов на денешната прес конференција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.