Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Груевски го чини милион евра црната кампања против Зоран Заев

0
By Нова ТВ on February 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 4, 2014 15:20


Изгледа се што води од и до Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и нивните послушници, се врти околу милион. Неверојатни милион евра дал или ќе даде Никола Груевски за црна кампања против Зоран Заев за само 10 дена во месец јануари годинава, информираше портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој ја презентираше пресметка направена според официјалните ценовници на 5-те медиуми на коишто се емитувани или објавени анти-рекламите против претседателот на СДСМ: телевизиите Сител, Канал 5 и Алфа, весниците Дневник и Утрински и за закупените билборди.

– Милион евра од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за црната медиумска кампања против претседателот на СДСМ емитувана за само 10 дена. Околу 100 илјади евра дневно за спотови и пропаганда против Зоран Заев.

– Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на Сител и на Канал 5 исплатиле или треба да исплатат ОКОЛУ 60 илјади евра за еден ден. По 30 илјади евра дневно за телевизиите на коалиционерите на Груевски, Ѕинго и Стојменов. По околу 10 илјади евра на ден за Алфа.

– По околу 800-тини евра дневно за оцрнување на Заев во Дневник и Утрински весни. По околу 30.000 евра на ден за билбордите низ земјата, рече Шилегов.

Според него како нарачател на овие анти-реклами е потпишана ВМРО-ДПМНЕ. Партијата на Груевски којашто според ревизорскиот извештај за предвремените избори во 2011 година, имаше финансиска дупка од 3,5 милиони евра.

Денес, две ипол години потоа, оваа партија, ВМРО-ДПМНЕ, е способна да плати 10-дневна црна кампања тешка милион евра.

„Ова е пресметка врз основа на достапни податоци само за втората половина на јануари. Црната кампања против претседателот на СДСМ трае по локалните медиуми, по билбордите низ земјава, а воедно трае и промотивна кампања на ВМРО-ДПМНЕ, така што оваа сума е веројатно неколкукратно повисока“ реше Шилегов.

СДСМ прашува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од каде неговата партија има на располагање милиони евра? Дали можеби Никола Груевски преку Владата со државни пари финансира оцрнување на политичкиот противник Зоран Заев?

Дали можеби приватни компании се притиснати да ја плаќаат пропагандата против лидерот на опозицијата Заев?

СДСМ веќе објави уплати тешки милион евра што се одлеале од Владата на РМ само на сметка на телевизија Сител, на име реализација на кампања. Без да се прецизира за каква кампања станува збор. Што отвора сериозни сомнежи за злоупотреби на пари на граѓаните за партиски цели. Овде нема да говориме за милионските тендери на уредниците послушници, за што институциите молчат.

СДСМ порачува дека надлежните институции се должни да ги испитаат сите наводи за криминално корупциски скандали што ги обелодени СДСМ и посебно финансиското работење на партијата на премиерот Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.