Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Груевски го избра патот на Милошевиќ, Чаушеску и Лукашенко

0
By Нова ТВ on May 6, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 6, 2015 15:34


– Најостро ја осудуваме нарачаната бруталност и пречекорување на овластувањата на полициските структури на Никола Груевски и Сашо Мијалков врз граѓаните на Република Македонија, не само на ова место, пред владата, туку и низ улиците на главниот град. Беше очигледно дека неколку минути пред 22:00 часот, власта ги собра полициските и параполициските структури пред зградата на владата и испровоцира судир со граѓаните, реагираше денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов по синоќешните протести.

Како што вели тој, полициските структури, по нарачка на Груевски, тепале млади, студенти, жени, недолжни граѓани, а целата операција за употреба на безмилосна сила врз граѓаните, била смислена во домот на Никола Груевски во којшто вчера, во попладневните часови, пристигнале Сашо Мијалков и Мартин Протуѓер.

– Потоа, нарачаниот план е задолжена да го спроведува Гордана Јанкулоска, која од лице место, пред зградата на Владата, командуваше со насилството врз сопствените граѓани. Со вчерашната наредба да се употреби сила врз народот, на протест на којшто граѓаните искажаа револт против криењето на убиството на Мартин Нешковски, Груевски по втор пат се обиде да ја убие вистината за овој случај, потенцираше Шилегов.

Тој вели целосната одговорност за “безмилосното тепање на граѓаните“ е кај премиерот Никола Груевски, министерката Гордана Јанкулоска и нивните извршители во структурите на МВР.

Шилегов вели Груевски со вчерашната брутална полициска акција го избрал патот на тепање на сопствените граѓани, по примерот на диктаторите како Милошевиќ, Чаушеску, Лукашенко.

Портпаролот на СДСМ го повика и Горан Петрески, главен и одговорен уредник на МРТВ, да престанел да ги штити насилниците на власта во заминување.

Одговарајќи на новинарско прашање, за обвинувањата дека СДСМ (и Радмила Шеќеринска) го координирале протестот, Шилегов одговори дека Социјалдемократскиот сојуз јавно и транспарентно го најавил датумот за кога ќе се јави како еден од организаторите или главен организатор на општограѓанскиот собир, односно на 17-ти мај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.