Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Имотниот лист на Јанкуловска е скандал

0
By Нова ТВ on September 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 28, 2013 15:54

Имотниот лист на Гордана Јанкулоска е скандал сам по себе. Од него се гледа дека истата е сопственик на 182 м2, а не на 114 м2 како што стои во нејзиниот Анкетен лист, тврди портпаролот на социјалдемократите Петре Шилегов.

– Ова е имотниот лист на граѓанинот Јанкулоска. Во него јасно се гледа, дека на нејзино име во Катастарот се заведени 156 м2 стан и 26 м2 гаража. Ова пак, е анкетниот лист на Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи. Тука се заведени само 114 м2. И сега каде е разликата? Ова е решението на Општина Центар со кое се одобрува легализација на дивоизграден кров на зградата во која живее Јанкулоска. Од него се гледа дека на станот број 59 во кој живее Јанкулоска одобрена е легализација на 65 м2 поткровје. Дали тоа значи дека станот на Јанкулоска бил купен со дивоградба од 65 м2? Тие 65 м2 се легализирани, со ова решение, во мандатот на екс градоначалникот Тодоровиќ, внимавајте, само 9 дена пред локалните избори. Може да претпоставиме по која цена? По евро за метар квадратен?! Односно 65 метри квадратни за 65 евра?! – рече Шилегов од СДСМ

Тој посочи дека барањето за легализација на покривот било поднесено во 2011 години, и како што рече министерката во моментот на купување на својот стан, знаела или требало да знае дека купува стан со дивоградба. Дивоградбата Јанкулоска ја легализирала на 14 март 2013 година. Само 9 дена пред изборите годинава, истакна портпаролот на СДСМ.

– Господине Груевски и Госпоѓо Јанкулоска, затоа ли донесовте жители на Пустец и ги направивте граѓани на скопски Центар? За да ги скријат вашите тајни за легализирани дивоградби за 65 евра?! За да ги скријат непријавените станови? Достапните документи покажуваат дека министерката за внатрешни работи од стан од 76 м2, за 5 години го зголемува својот семеен станбен имот во најмалку 270 м2. Од тоа што е познато. Или од 50 илјади евра на над 350 илјади евра! – праша Шилегов.

Тој го повика премиерот Никола Груевски и Антикорупциската комисија, да соберат 250 денари и да го извадат имотниот лист на Јанкулоска од од Катастарот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.