„Не се стекнале МВР, Антикорупциска и УЈП со станови од 200 илјади евра, туку Вие лично, министерке Јанкуловска. Тоа што ги ставате институциите во тешка ситуација без аргументи да ве бранат е друго“, истакна на денешната прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
Тој побара Јанкуловска да објасни, просто, со „да“ или „не“ на следниве прашања:
– Имате или немате станови вредни 200 илјади евра со кои сте се стекнале по 5 години откако сте станале министерка? Еве го Вашиот анкетен лист. Вие сте ги пријавиле. ИМАТЕ. До 2006-та сте живееле во 50 метри квадратни.
– Кажете, каде и од кого може да се купат 2 стана од 214 метри квадратни, среде центар во Скопје, за 140 илјади евра, како што тврдите? Значи за помалку од 700-тини евра по квадрат? Бидејки во анкетниот лист не сте го навеле основот на стекнување, просто е прашањето каде и од кого?
– Тврдите дека сте земале кредит од 100 илјади евра. Во Вашиот анкетен лист нема кредит од 100 илјади евра. Сте пријавиле кредит од само 14 илјади евра. А има двојно поголема сума на средства – ама на заштеди! 24 илјади евра заштеди во девизи и во денари! Или, 15 илјади евра повеќе од 2006-та, кога сте седнале во фотељата во МВР.
– Ајде и да имате кредит од 100 илјади евра. Како Ви успеа со плата од 60-тина илјади денари да земете толкав кредит, кога тоа ни на фирми не им успева. Месечна рата за таков кредит не би можела да е помала од 80-тина илјади денари. А вие во анкетниот лист за единствен приход сте навеле само плата.
„Ете на ова одговорете госпоѓо Јанкулоска – како се стекнавте со станбен имот од 200 илјади евра за 5 години, при тоа ги намаливте кредитите за 11 илјади евра, а успејавте и да заштедите 15 илјади евра. Со административна плата.
– Немојте да се криете зад институциите, со коментири дека некој девалвирал институции. Прво, Вие не сте институција. Второ, ако некој девалвира институции, тоа сте Вие!“, рече Шилегов




