Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Како мајките успеваат да купат станови од стотици илјади евра?

0
By Нова ТВ on January 27, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 27, 2014 15:53


ВМРО – ДПМНЕ признава дека и мајката на Генералниот секретар на нивната Влада, Кирил Божиновски, има стан во зградата на скриени станови, вреден околу 120.000 евра.

Но, воопшто не е точно објаснувањето на ВМРО – ДПМНЕ, дека наводно Божиновски немал обврска да го пријави овој стан, затоа што не живеел во заедница со родителите.

Во анкетниот лист на Кирил Божиновски, освен околу 3.000 евра сопствен имот од продажба на автомобил, целокупниот имот што е наведен е имот на неговите родители.

Според логиката на власта, Божиновски во својот анкетен лист ИМАЛ ОБВРСКА да го наведе останатиот имот на своите родители, ама САМО СТАНОТ на неговата мајка во зградата на скриени станови НЕМАЛ ОБВРСКА да го пријави.

Вака ли ВМРО-ДПМНЕ ја толкува правната регулатива во Република Македонија, за свои потреби?

Дополнително, власта само потенцира дека Генералниот секретар на владата го сменил својот брачен статус но не наведува дали ја сменил и адресата на живеење и кога?

Дали власта крие дека можеби Божиновски се уште ја нема променето адресата на живеење, на улицата „Ленинова“, која е идентична со адресата на неговата мајка?

Зградата на скриени станови на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, на улица „Димче Мирчев“ број 20 во Скопје стана симбол на непотизам, корупција и криминал.

Во обид да го оправда својот висок функционер, Генерален секретар на Влада, ВМРО-ДПМНЕ пак дополнително го дозаплетка Божиновски во оваа афера со скриени станови.

Ако навистина не живее во заедница со неговите родители како што тврди ВМРО – ДПМНЕ, зошто тогаш Божиновски не го пријавил тоа во Антикорупциската комисија?

Доколку Божиновски навистина од 2012 година живее во друга семејна заедница зошто не го пријавил тој имот во својот анкетен лист?

Има ли Божиновски и друг непријавен имот, на пример на својот брачен другар?

Многу мајки во Република Македонија би сакале да чујат: Како тоа мајките на високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ успеваат да заштедат стотици илјади евра и да купуваат станови во една иста зграда?

Станува очигледно дека поведени од искуството на Груевски и останатите високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ успешно го продолжуваат серијалот, сокриј го својот стан позади својот син, или позади својата мајка, изјави Шилегов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.