Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска ги отфрли тврдењата на инвеститорот на дивоградбата кај Мавровка, Мевљудин Алити, дека се платени комуналии и дека објектот е легален.
„Ако платил комуналии тогаш објектот е легален, ама нема платено. Не знам дали платил надоместок за приватизација на земјиштето, што е главниот проблем, бидејќи ако е така, продажбата се одвивала во организација на централната власт, а во тој случај 80 проценти од средствата од продажбата одат кај централната власт.
Мене ми е криво што дојде до изградба на ваков објект, но ова нека биде пример за сите кои сакаат да профитираат на сметка на легалните инвеститори, кои плаќаат данок кон државата, изјави Шилегов.
На новинарско прашање зошто државата, а не Градот, го руши објектот, тој рече дека Градот нема ингеренции.
„Град Скопје нема ингеренции да го изврши рушењето на објектот кај Мавровка, затоа денеска Владата го врши рушењето, може би било добро во иднина овие ингеренции да се префрлат на Град Скопје“, изјави Шилегов.
Градоначалникот потенцира дека претходно со 5.000 евра бил казнет инвеститорот на објектот.