Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Набавивме противпожарна скала што ќе ја гарантира безбедноста на скопјани, но и на пожарникарите

0
By Нова ТВ on May 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 4, 2021 15:00

Ова е прва противпожарна скала која се купува во државата. Јас не сум стручен, ниту имам претензија да бидам стручен на таа тема, затоа техничката спецификација и потребата која ќе ја гарантира безбедноста на скопјани од една страна, но и безбедноста на пожарникарите од друга страна, е работа која ја направија од Противпожарната бригада, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Скопскиот градоначалник денеска на прес-конференција во одговор на прашање за обвинувањата од ВМР0-ДПМНЕ околу наводната „спорна“ набавката на противпожарната скала, посочи дека опозицијата шири лажни вести и оти е најважно тоа што „првпат во историјата, од 45-та година навака“, е набавена ваква специфична и софистицирана опрема.

Тој појасни дека од Противпожарната бригада рекле каков тип на скала е потребна и со каква дополнителна опрема и таа била предмет на јавна набавка спроведена од страна на Градот.

Шилегов додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести, правејќи споредба со скалата на градот Загреб.

– Членовите на Комисијата се од Противпожарната бригада, не е градоначалникот, тие ја водеа постапката. На тој меѓународен тендер добила фирма која добила, опремата која ја имаме набавено е сериозно различна, и јас вчера соопштив само дел од тоа по што ние се разликуваме од градот Загреб, рече Шилегов

Тој нагласи дека скалата ќе биде во функција за граѓаните на Скопје некаде на крајот на овој месец.

– Да дојдете на моја позиција и да сте градоначалник на Скопје, седнувате и ги гледате аномалиите на Градот, и констатирате дека стручните служби на Градот и Противпожарната бригада од вашите претходници барале набавка на скала, затоа што во моментов ние немаме техничка можност како Противпожарна бригада и како Град да помогнеме на кој било граѓанин на Скопје кој живее над петтиот спрат, потенцира Шилегов.

Тој посочи оти во споредба со скалата набавена во градот Загреб, нашата е далеку поквалитетна во смисла на дополнителната опрема и дополнителната безбедност.

– Градот Загреб купил 42-метарска скала, без дополнителна опрема. Таа е шеста во Загреб во изминативе 30 години. Пред моето доаѓање, овој град 27 години го водеше ВМРО-ДПМНЕ. Ова е прва ваква скала која се купува во Македонија. Јас не сум стручен, ниту имам претензија да бидам стручен на таа тема, затоа техничката спецификација и потребата која ќе ја гарантира безбедноста на скопјани од една страна, меѓутоа и безбедноста на пожарникарите од друга страна, е работа која ја направија Противпожарната бригада, додаде градоначалникот.

Шилегов потсети дека е транспарентен и оти на своја иницијатива го однел предметот во Антикорупциската комисија, бидејќи како што рече, во набавката нема ништо спорно, ниту сомнително. Тој побара од Антикорупциска да го отвори предметот, а целата документација може да биде достапна и до медиумите.

– Идејата да се прикрие сопствената непсособност, да се определуваат приоритетите при трошење на јавни пари и да потрошите 2 милиони евра на железна ограда, а да спиете со товар дека над петти кат немате безбеден граѓанин во градот Скопје затоа што не сте набавиле противпожарна скала, за мене е неприфатливо. Јас сум толку транспарентен што велам, јас го поднесов предметот, јавно ја повикувам со Мицкоски целата советничка група, ќе ви ја доставиме целата документацијата во име на транспарентоста, додаде Шилегов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.